Кога родителите стареат: Еве како да се грижите за нив, без да си отежнувате себе и на нив. Кога улогите се менуваат и вие сте на ред да се грижите за вашите родители, имајте на ум дека ниту оваа ситуација не е лесна ниту за нив.
Стареењето е природен дел од животниот циклус, но тоа не значи дека стареењето на нашите родители и другите членови на семејството е полесна грижа отколку за малите деца. Доцните години носат импотенција со која на старите им е тешко да се помират, а улогите полека се менуваат, па ние се грижиме за нив. Како да им помогнеме, без да се занемариме себе си, нашето семејство и здравјето.
Кај постарите луѓе, изолацијата може да доведе до д епресија и повлекување, а истражувањата покажале дека дури и најскромниот знак на внимание може да го намали нивното чувство на беспомошност и да го подобри нивното ментално и физичко здравје. Во случај на сериозна болест, долгорочната грижа за старите и изнемоштени лица е напорна работа која понекогаш во текот на долг временски период претставува голем товар за членовите на семејството.
Големиот предизвик е вечната бор-ба меѓу генерациите и постојаниот конфликт на мислења што се наметнува, затоа комуникацијата со постарите лица бара многу меѓусебно разбирање.
Напуштањето на родителотот и живеењето во дом може уште повеќе да ги растажи постарите, а тие ако се болни, тагата може дополнително да ја влоши нивната состојба. Колку и да изгледа тешко и напорно чувањето на родителите, сепак треба да се посвети некое време на нив, а овие совети можат да ви помогнат во тоа:
Признајте си дека работите се смениле. Навистина е многу болно кога ќе сфатиме дека нашите родители, некогаш здрави и силни, повеќе не можат да се грижат за себе. Помирете се со фактот дека тоа е природен циклус од животот и фокусирајте се како да им помогнете.
Пристапете им внимателно. Многу е важно да не брзаме со постарите луѓе затоа што со тоа ги бркаме од нас и создаваме непотребна напнатост во меѓусебната врска. Тие веќе не се во екот на младоста и за некои работи им треба повеќе време да разберат, затоа вооружете се со трпение.
Не очекувајте нужно емотивна врска со вашите родители. Во подоцнежните години, повеќето луѓе стануваат емоционално чувствителни, што може да резултира со отворени чувства, но честопати се случува токму спротивното и тие се затвораат во себе.
Очекувајте гнев. Импотенцијата кај постарите лица резултира со изрази на огорченост или лутина и тие создаваат чувство на губење на авторитет што ни го всадиле во текот на нашето растење.
Не ги ограничувајте нивните слободи. Многу е важно постарата личност да чувствува дека се уште ги има уздите на животот во рацете и дека не ги контролирате премногу. Ако е можно, оставете ги сами да донесуваат одлуки, а вие само водете ги.
Прашајте ги за мислење. Одличен начин да покажете почит и љубов е секако да побарате совет од постара личност која го поминала “животното училиште.” На овој начин ќе им дадете до знаење дека се уште го вреднувате нивното мислење.
Научете да разликувате емоционална од когнитивна дисфункција. Когнитивните нару-шувања вклучуваат деменција и депресија и се чести кај постарите лица. Лошото расположение, тешкотии во спиењето, незаинтересираност за она што порано им предизвикувало задоволство се само некои од новите состојби на кои не сме навикнати и се последица на староста.
Побарајте стручна помош. Понекогаш едноставно не е можно самостојно да се грижиме за постара личност и ни треба помош од лекар, медицинска сестра или физиотерапевт. Не ја одбивајте поддршката од семејството и пријателите. Сите сме луѓе и имаме свои слабости и период од животот кога ни е навистина тешко.
Не земајте се при срце. Неможноста да се грижат за себе многу често се среќава резултира со моменти на лутина, затоа бидете подготвени дека она што го изразува постарата личност е само нивниот повик за помош и не е поврзано со вас лично.
Подгответе се за непријатни разговори за наследување и имот. Една од најтешките работи што може да ви се случи кога родителите ќе остарат е секако разговорите за наследување и поделба на имотот. Вооружете се со трпение и бидете свесни дека некои луѓе се мотивирани само од лична корист, затоа немојте да се изненадите ако овие разговори одат во непријатна насока.
Мислете на себе. Кога се грижиме за другите, често забораваме на себе. Одвојте време во текот на денот за кратка прошетка, релаксирачка бања или кафе, бидејќи на тој начин ќе ги наполните батериите и ќе се одморите.
Верувајте на блиска личност. Сестра, брат, сопруг или пријател – не е важно со кого разговарате, туку олеснете си ја душата и искажете се некому. Таквата поддршка ќе ви даде ветер во грбот.
Најдете утеха во медитација или молитва. Понекогаш е неопходно да се ослободи душата од негативност и чувство на неуспех, а медитацијата или молитвата можат многу да ви помогнат.