Брз и сочен колач – ова е многу вкусен и едноставен колач кој можете да го приготвите кога ќе посакате, дури и тогаш кога немате многу време. Подготовката ќе ви одземе само една минута за да ги измешате сите состојки, а после е потребно само да го испечете.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г густ јогурт/кисела павлака, 150 г шеќер, 1 прстофат сол, 100 мл сончогледово масло (неутрално масло за готвење), 1 чајна лажичка екстракт од ванила, 3 големи јајца, 200 г брашно, 8 г прашок за печиво, 300 г смрзнато бобесто овошје (мешавина од шумски плодови, боровинки, јагоди, капини, малини, рибизли, вишни…) и шеќер во прав
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад за матење ставете 150 г густ јогурт („грчки“ јогурт или кисела павлака) и додајте 150 г шеќер, 100 мл масло, 1 прстофат сол, 1 мала лажичка екстракт од ванила и 3 големи јајца претходно отстојани на собна температура.
На крај во садот додајте просеано брашно (200 г) помешано со 8 г прашок за печиво. Точно една минута е доволно за да се измати сета оваа смеса со помош на електричен миксер.
На крајот од таа минута ќе добиете фина, компактна и мазна смеса без грутчиња. Подгответе калап за торти со обрш од 26 см: намастете го со убаво со путер на дното и на ѕидовите од обрачот, а потоа наросете го со малку брашно (вишокот истресете го).
Излејте ја приготвената смеса во калапот и распоредете ја подеднакво. Израмнете и малку протресете. Одозгора наросете разно бобесто овошје – смрзнато (секако може и свежо, кога е сезона на овошје).
Не треба да го притискате овошјето одозгора, туку само внимателно да го распоредите. Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Печениот колач извадете го на решетка и оставете го да се подизлади, а потоа отстранете го флексибилниот обрач.
Одозгора наросете го со шеќер во прав, сечете го на парчиња со големина по ваша желба и послужете го.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.