Кромидот е незаменлив и се користи во приготвувањето на речиси сите јадења. Се употребува сиров, пржен, печен…

Но, грешката која честопати луѓето ја прават е тоа што по лупењето на кромидот ја фрлаат неговата лушпа.

Истражувањата покажаа дека токму лушпата од кромидот содржи богатство од антиоксиданси кои може да го подобрат здравјето на човекот на повеќе нивоа.

Надворешниот, кафеав слој од кромидот е богат со диетални влакна, флавоноиди и антиоксиданси, кои сите се многу корисни за подобрување на здравјето на кожата.

Во продолжение на текстот прочитајте кои здравствени придобивки можете да ги искористите од лушпата на кромидот.

Лушпата од кромид содржи повеќе антиоксиданси од плодот на кромидот

Лушпата од кромидот е богата со силен растителен пигмент наречен кверцетин, кој е многу ефикасен за намалување на хипертензија и спречување на затнати артерии.

Покрај тоа, лушпата од кромид има антеканцерогени, антифунгални, антибактериски и антиоксидативни својства.

Доколку ја вклучите и лушпата во исхраната, вие драстично ќе го намалите ризикот од:

-кардиоваскуларни болести

-рак на дебелото црево

-дебелина

-тип 2 дијабетес

-гастроинтестинални проблеми

Како да се направи чај од кромидова лушпа

Ова е неверојатен детоксикациски пијалак, кој многу едноставно се приготвува.

Собирајте ги лушпите од кромид во стаклена тегла.

Кога ќе сакате да си ја направите вашата инфузија, ставете неколку парчиња во сад и прелијте ги со зовриена вода. Покријте да киснат околу 15 минути. Процедете и пијте пред спиење.

Кверцетинот покрај другото има и седативни својства, па затоа е добро овој чај да се консумира пред спиење.

Користете ја лушпата од кромид за супи и чорби

Бидејќи лушпата не може да се јаде, затоа е најдобро да се користи за приготвување на супи и чорби.

Кверцетинот, главната состојка во лушпата од кромид, е моќен флавоноид – антиоксиданс, кој се бори против слободните радикали-предизвикувачи на ракот.

Студиите покажуваат дека лушпата на кромидот содржи висок процент на диетални влакна

Според истражувањата, лушпата од кромидот може да се користи како одличен додаток на секоја диета поради негоавата висока содржина на нерастворливи влакна, што е од голема корист за редовните и нормални перисталтични движења на дебелото црево.

Дополнително, овие нерастворливи влакна помагаат да се отстранат сите токсини од цревата и да се балансира нивото на рН вредноста. Спречува формирање на канцерогени клетки.

Влакната се од корист за целокупното здравје, бидејќи го намалуваат ризикот од неколку здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, рак на дебелото црево, дебелина и дијабетес тип 2.

Забелешка: лушпата од кромид не се препорачува за бремени жени и доилки.