Потребни состојки:

600 г брашно + за месење

3 јајца

250 мл ладна вода

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

10 г свеж квасец

Фил:

500 г тврдо овчо сирење

100 г растопен путер или маргарин

За полевање:

3 јајца

200 мл млеко

1 лажица шеќер

Постапка:

Во еден сад каде што ќе се меси тестото, издробете го квасецот, ставете сол и шеќер. Додадете малку по малку вода и мешаме додека квасецот да се растопи. На крај ја додаваме целата вода. Јајцата ги матиме на страна и ги ставаме во смесата.

Потоа додаваме малку по малку брашно и месиме додека да добиеме лепливо тесто. Тестото го оставаме на добро набрашнета површина (ако е потребно додаваме уште брашно) и месиме околу 5-6 минути додека да добиеме мазно тесто.

Тестото го оставаме во намастен сад покриено со крпа да отстои 40 минути. Потоа се дели на 5 топки. Секоја топка ја сучиме во кора (25 см). Се премачкува со растопен путер, па се наросува со дробено сирење. Кората се витка како ролат. Малку растегнуваме и сучиме како да цедиме крпа.

Во намастено тавче бр.30 ги редиме ролатите во спирална форма како полжав, започнувајќи од средината, па ги надоврзуваме корите една по друга, а меѓу нив оставаме малку простор бидејќи питата ќе нарасме.

Ја покриваме питата со крпа и ја оставаме на топло да отстои уште 15-20 минути.

Рерната се загрева на 180 степени. На страна се приготвува преливот.

Јајцата ги матиме со виљушка или со жица, додаваме млеко и шеќер, па преливаме преку питата.

Печеме 40-45 минути. Кога питата е готова ја покриваме со крпа и оставаме така да отстои 10-15 минути да излади.