Овој колач се прави толку брзо што ви е потребно само 15 минути да одвоите. Има вкус како Фереро затоа што се прави од бисквити и лешници. За оние што постат да знаат дека можат да го прават во посна варијанта.




Многу сакам кога ќе најдам некој ваков рецепт за брз и едноставен колач кој сепак изгледа многу убаво, а за вкусот можам да кажам дека е совршен. Тајната на Фереро вкусот се должи на печените лешници… Со сигурност можам да кажам дека ќе го правите во двојна доза. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г посен маргарин или путер, 100 г чоколадо (може и посно), 1 лажичка какао, 250 г плазма или посни бисквити, 50 г шеќер во прав, 100-150 г лешници, 30 мл вода и уште 50 г шеќер во прав за наросување.




ПОСТАПКА: Во помало тенџере растопете го путерот или маргаринот заедно со чоколадото скршено на коцки. Измелете ги бисквитите доколку користите цели и измешајте ги со 50 г шеќер во прав.




Лешниците испечете ги, а потоа ситно исечкајте ги со нож. Исто може и да ги изблендирате, но гледајте да ви останат неколку покрупни парчиња за колачот да има интересен изглед.

Во смесата со суви состојки додајте ги ситно сечканите лешници, а потоа прелијте со подоладеното стопено чоколадо. Измешајте со раце и додајте малку водичка. Формирајте тесто кое не се pacпаѓа.




Потоа земете една мала кесичка и раширете ја така што ќе ја исечете на една страна. Истово може да го направите и со проѕирна фолија. Наросете на средина со уште 50 г шеќер во прав и ставете го тестото врз него.




Започнете да го обликувате тестото во форма по желба, јас го формирав во правоаголник со средна кон голема дебелина. Цврсто затегнете во кесичката и ставете го во фрижидер да се стегне околу 2-3 часа.

Потоа извадете и пресечете на помали ролатчиња со дебелина по ваша желба. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и вториот рецепт за посен колач:

(втор рецепт) Посен колач – бонжита со мед, чоколадо, ореви и лешници. Многу лесно се приготвува и не одзема многу време. По желба можете да ставите и суво овошје.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г корнфлекс, 2 полни лажици мед, 200 г маргарин (за непосна варијанта користете путер), 100 г чоколадо, 100 г печен орев, сечкан, 100 г печен лешник, сечкан.

ПОСТАПКА: На тивок оган загрејте го медот за да се растопи. Ставете два преполни лажици и мешајте со дрвена лажица додека да запони и да се карамелизира. Додајте го маргаринот и мешајте додека и тој да се растопи.




Додајте 100 г чоколадо и мешајте само додека да се растопи. Тргнете од оган и додајте ги корнфлексот, оревите и лешниците и добро промешајте за да се изедначи.

Добиената смеса истурете ја во калап обложен со хартија за печење, и со помош на решеткаста лажица убаво притиснете одозгора за да добиете рамна плоча. Оставете да излади и да се стегне. Потоа можете да сечете штангли.