Шпагетите се омиленото јадење за многумина. Често ги приготвуваме и ги послужуваме со доматен сос, со сирење, со кашкавал или болољезе сос. Кога ги подготвив шпагетите со мелено месо на овој начин, сите ми побараа рецепт! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г шпагети, малку маслиново масло, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 зелена пиперка, 1 голем домат, 1 мала лажичка црвен пипер во прав, 2 лажички сол (или по вкус), 1/2 лажичка црн пипер во прав, 500 г мелено месо, 1-2 лажици ситно сечкан магдонос, 5-6 зелени маслинки, 500 мл доматен сос + 150 мл вода или по потреба.
ПОСТАПКА: Во тенџере сипете вода со една мала лажичка сол и оставете да зоврие. Шпагетите опфатете ги во рака како сноп, палку спирално завртете ги и спуштете ги во средината од тенџерето.
На овој начин рамномерно ќе се распоредат и ќе се отворат како цвет. Бидете сигурни дека водата убаво е зовриена пред да ги ставите шпагетите да се варат. Штом водата повторно зоврие, мерете ги минутите за да бидат „ал денте“. Не ги преварувате!
На неколку лажици маслиниво масло испржете ситно сечкана главица кромид, па додајте рендано лукче, пиперка и домат исечкани на ситни коцкички. Динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне.
Штом испари течноста, додајте го меленото месо, ситно сечкан магдонос и маслинки и промешајте за да се распореди. Динстајте додека месото да ја промени бојата и да испари вишокот течност. Потоа додајте го доматниот сос и вода по потреба.
Промешајте и гответе уште 5 минути под капак или до посакуваната густина. Зготвениот сос сипете го врз сварените и процедени шпагети, па промешајте за да се распореди рамномерно. Одозгора наросете рендан пармезан или моцарела по вкус.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Вака ќе го приготвите највкусниот БОЛОЊЕЗЕ сос одличен за шпагети – според рецептот на Том Филос“ – ОВДЕ.
Вака ќе го приготвите највкусниот БОЛОЊЕЗЕ сос одличен за шпагети – според рецептот на Том Филос