Домашен рецепт за запирање на опаѓање на косата за чиое приготвување ви се потребни неколку ореви во лушпа и уште неколку состојки. Опаѓањето на косата е непријатен проблем како за мажите, така и за жените.
Ја намалува самодовербата, а некогаш дури ниту скапите производи не помагаат. Се чини дека речиси секојпат може да се побара решение за вашиот проблем во природата, а тоа ни обезбедува многу повеќе придобивки отколку што сме свесни за тоа.
Во продолжение прочитајте еден стар народен рецепт кој за читателите на НМД го сподели членка од групата. Имено, тоа е рецептот од нејзината баба, а кај нејзе се покажал многу ефикасен, па се надева дека ќе помогне и кај некој со сличен проблем.
Губењето на косата може да биде предизвикано од повеќе фактори. Кај жените може да се јави, на пример, после породување, за време на доењето, под влијание на силен cтpec, но главно е под влијание на сезонските промени итн. Овој лек не само што е погоден за запирање на опаѓањето на косата, туку и го cтимyлира pacтот на косата. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 ореви во лушпа, 6 ловорови листови, 2 стапчиња цимет (или 1 лажичка мелен цимет), 15-20 каранфилчиња, 500 мл вода, 50 мл маслиново масло, 2 лажици јаболков оцет
ПОСТАПКА: Во тенџере се ставаат оревите во лушпа, се додаваат ловоровите листови, циметот и каранфилчето. Наполнете со вода и ставете на оган. Кога водата ќе почне да врие, поклопете го тенџерето со капак и малку намалете ја температурата.
Оставете вака да се вари 10 минути. Потоа исклучете ја ринглата и оставете постепено да се олади под капакот. Откако ќе се олади, процедете ја течноста низ газа или со цедалка. Течноста складирајте ја во стаклена тегла со капак кој добро дихтува.
Во теглата додајте маслиново масло и јаболкова киселина кои меѓу другото, помагаат да се отстрани првутот и и даваат сјај на косата. Овој природен производ можете да го чувате во бањата на собна температура.
Употреба: испрскајте во скалпот и мacирајте 10 минути 2 до 3 пати неделно пред капење. После тоа, можете да ја измиете косата со обичен шампон. Исплакнете темелно. овој домашен препарат можат да го користат мажи, жени и деца. Го запира опаѓањето на косата, го cтимyлира pacтот и го спречува првутот. По оваа постапка косата е сјајна, а коренот е поздрав.