Ако сакате да приготвите брзо и лесно главно јадење за вашиот ручек, тогаш ова ќофте од рерна ќе ви биде идеално решение.

Потребни состојки:

250 г мелено свинско месо
250 г мелено јунешко месо
2 парчиња леб потопено во млеко
2 јајца
2 главици кромид
сол, црн пипер
1 китка магдонос + зачини по вкус

Постапка:

Измешајте го јунешкото и свинското месо, па додадете ситно сечкан кромид, може изблендиран или изрендан.

Потоа додадете леб, издробете го со раце, посолете и запиперете по вкус, па додадете јајца и сечкан магдонос.

Со раце изгмечете ја смесата и обликувајте го ќофтето.

Ќофтињата наредете ги во плех обложен со хартија и намастен со масло. Ставете да се пече на 180-200 степени околу еден час.

Послужете ги топли со пире или друг прилог по ваш вкус.