Фото и рецепт: Далида Зекиќ

Се користи исто како киселите краставички, мешунките одат како прилог речиси со секаква храна, многу се вкусни.

Потребни состојки:

2,5 кг мешунки боранија (малку обарени во солена вода)
1 литар вода
500 мл алкохолна киселина
70 мл масло
70 г сол
70 г шеќер
2-3 главици пресечени на четвртинки
Црн пипер во зрно, ловоров лист

Постапка:

Ние денес на околу 5 кг мешунки боранија ставивме 1,5 литар алкохолна киселина, околу 5 литри вода и сè останато по вкус, околу 100 г сол и 100 г шеќер.

Боранија во тегла (Фото и рецепт: Далида Зекиќ)

Мешунките прво се чистат, се мијат и се преполовуваат, па се варат кратко во солена вода, но не смеат да бидат премеки. Потоа киселината дополнително ќе ги омекне кога ќе се промешаат со останатите состојки.

Раствор: водата и киселината со останатите состојки се ставаат на оган додека да зоврие и да се растопат солта и шеќерот.

Мешунките се цедат, па се редат во топли тегли во кои додаваме ловоров лист и црн пипер во зрно. Потоа наполнетите тегли се прелеваат со растворот. Важно е течноста малку да ги прекрие мешунките.

Теглите мора да бидат врели и кога ќе се затворат, да се превртат наопаку и да се прекријат со нешто. Вака се оставаат да изладат.

По вкус може да се додаде и лукче, копар и чили пиперче.

Боранија во тегла (Фото и рецепт: Далида Зекиќ)

Боранија во тегла (Фото и рецепт: Далида Зекиќ)