Рецепт и видео прилог на Домашни Рецепти – Кикирики бајадера.
Ова се уште едни ситни колачи кои се омилени и секогаш ги правиме за сите видови прослави и празници.
Бајадерата многу брзо се прави и може да се приготви во посна или млечна верзија, во зависност од видот на чоколадото што ќе го користите. Под пишаниот рецепт можете да го погледнете и видеото.
Потребни состојки:
180 мл вода,
180 г шеќер,
75 г путер/маргарин,
200 г кикирики,
250 г мелени бисквити,
80 г црно чоколадо,
100 г бело чоколадо.
За глазура:
120 г црно чоколадо,
2 лажици масло
Постапка:
Изрендајте го црното чоколадо или искршете го на коцки, па додадете вода и шеќер и загревајте додека да се растопи. Кога ќе зоврие додадете го и путерот, па промешајте и тој да се растопи. Тргнете од оган и додадете ги кикириките и 200 г мелени кекси.
Соединете ја смесата и поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете рендано чоколадо, а во другиот преостанатите 50 г мелени кекси и соединете.
Во плех или калап ставете хартија за печење и излејте ја целата светла смеса и израмнете (можете да си помогнете со дното од чаша, погледни видео).
Растопете го белото чоколадо на пареа или во микробранова печка, па со него премачкајте го првиот слој.
Веднаш ставете го во замрзнувач да се стегне 5-10 минути. Извадете го колачот од замрзнувач, па одозгора рамномерно нанесете го чоколадниот дел, па и него израмнете го (повторно со чаша).
Глазурата веднаш се прави: измешајте чоколадо и масло и ставете во микробранова печка или растопете го на пареа или на многу тивок оган.
Прелијте преку бајадерата и наросете со кикирики. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.