Кето диетата се смета за многу здрава и многу корисна диета бидејќи вклучува исфрлање на слатките и белото брашно од исхраната.
Покрај медитеранската исхрана, кето диетата е една од најценетите начини на исхрана, пред сè затоа што оваа диета препорачува исфрлање на шеќерот и јаглехидратите од менито.
Во основа, треба да јадете 3 оброци, без прескокнување, а тие три оброци треба да содржат месо и зеленчук. Па, доколку периодов се воздржувате од продукти од животинско потекло, тогаш би можеле да ја земете во предвид оваа диета веднаш по завршувањето на постите.
Јадете добро и сигурно нема да чувствувате глад, а килограмите ќе исчезнат. Кето диетата го полни телото со масти и протеини, кои ни помагаат да се чувствуваме повеќе одморени, а со тоа и да јадеме помалку.
Во кетогената диета се дозволени месо, риба, морски плодови, јајца, зеленчук и овошје кои не се богати со скроб, јаткасти плодови, сирење, масти…
Очекуваното слабеење е од половина килограм до килограм неделно, што е здраво темпо за слабеење.
Првите 7 дена – МЕНИ
Следното мени содржи помалку од 50 г јаглени хидрати дневно. Количините може да се менуваат според индивидуалните нутритивни потреби:
Понеделник
Појадок: изматени јајца пржени на путер и варен зеленчук
Ручек: плескавици полнети со сирење, печурки и авокадо, зелена салата
Вечера: медалјони од свинско месо и боранија во кокосово масло
Вторник
Појадок: омлет со печурки
Ручек: салата од туна со домати, целер и зелена салата
Вечера: печено пилешко со брокула печено во кисела павлака
Среда
Појадок: пиперки полнети со јајца и свежо сирење
Ручек: салата од јајца, аспарагус, мисирка, авокадо и сирење и маслиново масло
Вечера: лосос на скара со спанаќ во кокосово масло
Четврток
Појадок: полномасен јогурт со малку бобинки
Ручек: телешки стек со карфиол, сирење, зачини, авокадо и салса
Вечера: свински стек со брокула и сирење
Петок
Појадок: јајца печени во авокадо
Ручек: зелена салата со пилешко и маслиново масло
Вечера: мисиркино месо со салата
Сабота
Појадок: тортиља од карфиол со сирење и авокадо
Ручек: лосос со песто и зелена салата
Вечера: ќофтиња со тестенини од тиквички и пармезан
Недела
Појадок: чиа пудинг со кокосово млеко, кокос и ореви
Ручек: салата од бакалар со варено јајце, зелена салата, авокадо и сирење
Вечера: пилешко со зеленчук.
Следни 7 дена – мени
1 ден:
Појадок: Зелена салата и две варени јајца
Ужина: грст бадеми
Ручек: Супа од домати, печени пиперки и парче говедско месо
Вечера: Салата од цвекло, моркови и јаболка.
2 ден:
Појадок: Сардина, кромид и зелена салата.
Ручек: варена зелка со говедско месо.
Вечера: Цезар салата.
3 ден:
Појадок: јогурт со мелени бадеми.
Ручек: медитеранска салата.
Вечера: супа од домати.
4 ден:
Појадок: Кето леб со јогурт.
Ручек: Пилешко бело месо, скара и салата од зелка.
Вечера: Риба и зеленчук.
5 ден:
Појадок: јајца и омлет од јајца.
Ручек: Попај салата.
Вечера: Рендан целер со урда.
6 ден:
Појадок: сардини со кромид и зелена салата.
Ручек: гулаш со пире од компири (постепено внесување јаглехидрати)
Вечера: Супа од зеленчук.
7 ден:
Појадок: кето леб и јогурт.
Ручек: Варен зеленчук и печено свинско месо
Вечера: супа.
Зеленчук, месо
Следни 7 дена – МЕНИ
Понеделник
Појадок: 2 варени јајца, парче фета сирење и зелена салата.
Ручек: 1 печена пастрмка и варена брокула.
Вечера: Салата од рендан целер измешана со урда.
Вторник:
Појадок: Туна, зелена салата.
Ручек: печени пиперки и парче варено говедско месо.
Вечера: Салата од рендано цвекло, моркови и јаболка.
Среда:
Појадок: Изматени јајца и спанаќ.
Ручек: супа од домати (кромид, целер, морков, домат) и парче сирење
Вечера: Салата од пилешко.
Четврток:
Појадок: Кето леб со плескавица (леб: 3 јајца, малку урда, малку сол, малку прашок за печиво. Се матат и се печат на 180 степени. Плескавицата се пропржува и се става во лебот).
Ручек: Салата од сланина, малку брокула, сусам и сирење.
Вечера: чорба од зеленчук.
Петок:
Појадок: медитеранска салата.
Ручек: Пилешко бело месо и зеленчук по желба.
Вечера: печени пиперки со маслиново масло и малку сирење.
Сабота:
Појадок: 2 варени јајца, малку сирење и сланина.
Ручек: Печени филети од риба и салата од зелка.
Вечера: Цезар салата.
Недела:
Појадок: Омлет со печурки.
Ручек: Чорба од телешко и печурки, салата по избор.
Вечера: Бројсов сок.