КЕСКУЛ – Турски десерт кој потсетува на рафаело, готов за 15 минути…Брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде. По вкусот потсетува на Рафаело топчињата. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
500 мл млеко
40 г кокос
60 г брашно (или скроб/нишесте/густин)
80 г шеќер или помалку*
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица путер
* по сугестија на читателка која го приготви рецептот, количината на шеќер треба да се преполови
За наросување: малку сечкани несолени фстаци или сечкани печени лешници и малку кокос
Постапка:
Во малку поголемо тенџере ставете го ладното млеко, кокосот, шеќерот, ванилин шеќерот и полека додавајте го брашното. Сето добро изматете го со жица за да нема грутчиња.
Ставете на оган и така сето заедно оставете да зоврие постојано мешајќи. Кога ќе проврие намалете ја температурата, додајте го путерот и мешајте додека да се растопи.
Тргнете го тенџерето од оган и наполнете 4 помали садови (од 150 мл) кои претходно сте ги навлажнале со ладна вода.
Секој сад покријте го со проѕирна фолија и изладете неколку часови во фрижидер.
Одозгора наросете со ситно сечкани несолени фстаци, или печени лешници со малку кокос. Добро изладете и послужете.