Ги обожавам брзите торти со бисквити, едноставни се, вкусни и се топат во уста. Плус, за сечиј вкус се: не се ниту преслатки, ниту шербетни, ниту „со многу тесто“ или пак „путерести“. Вкусот на пудингот можете да го менувате и секојпат да добиете нова торта. Еве што ви е потребно според рецептот на Слаѓана Шчекиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г бисквити, 2 кесички пудинг со вкус на карамел (80 г), 500 мл млеко, 100 г путер или маргарин, 5 супени лажици шеќер, 100 г шлаг, 150 мл млеко (или газирана вода). За пинтензивен вкус, во пудингот моете да додадете и карамел-бонбони.
ПОСТАПКА: Прашокот за пудинг сипете го во подлабок сад и додајте малку млеко. Добро изматете додека да се раствори пудингот и да нема грутчиња. Остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете ги на оган.
Штом зоврие млекото, намалете ја температурата и сипете го растворениот пудинг. Непрекинато мешајте и продолжете со варење додека пудингот да ја добие потребната густина. Додајте го путерот и мешајте додека да се растопи и инкорпорира.
По желба, во топлиот пудинг можете да додадете и карамел-бонбони. Сварениот пудинг тргнете го настрана и оставете го да се олади, а потоа пенасто изматете го со миксерот за да стане кремаст. Додека се лади филот, вие изматете го шлагот со 150 мл ладно млеко.
Врз соодветна десертна тацна или послужавник наредете еден ред бисквити (3х6 или во зависност од тоа каков облик и големина сакате да биде вашата тортичка), претходно кратко потопувани во млеко или некој сок, по ваша желба.
Потоа распоредете третина од карамел кремот, а врз него третина од шлагот. Израмнете, па наредете нов ред бисквити, исто така кратко потопувани во млеко или сок.
Распоредете повторно крем и шлаг, па повторете ја постапката и по трет пат. Декорирајте по желба и пред послужување добро изладете. Рецепт и фотографии на Слаѓана Шчекиќ.