Диетите со кефир се многу популарни пред се’ затоа што кефирот е исклучително здрав, хранлив и се користи во терапевтски цели.

Помага во борбата против остеопороза и остеоартритис, ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата со косата и ноктите, а она што е најважно – содржи многу малку јагленихидрати.

Докажано е дури дека помага во борбата против депресија.

Кефирот во себе содржи многу минерали и витамини, како што е витаминот Д, а исто така е богат со калциум и високо ниво на протеини.

Претставува одличен диуретик, бидејќи и покрај тоа што помага во варењето, го регулира нивотот на бактерии во цревата и воспоставува баланс на цревната флора.

Некои експерти тврдат дека кефирот помага во борбата против канцер и малигни клетки.

Докажано е дека го снижува нивото на холестерол во крвта.

ПРИМЕР ЗА МЕНИ ЗА ТРИ ДЕНА:

 

ПОЈАДОК

1.Кајгана од 2 јајца, салата од помала краставица и кафе со лажица млеко. Или:

2.Гриз/палента и кисело млеко. Или:

3.Јајце варено, 1 тост-леб со путер и чај со мед.

УЖИНА

300 мл домашен кефир во вид на овошен јогурт.

РУЧЕК

1.Пилешка супа, варен морков, 100 г пилешко бело месо, салата од цвекло и едно парче леб. Или:

2.Чорба од печурки, 300 г варен зеленчук (мешавина) и салата од свежа зелка.

УЖИНА

300 мл домашен кефир

ВЕЧЕРА

1.150 г риба на скара или печена во фолија, зелена салата и билковен чај. Или:

2.Еден поголем компи