Поради дожд и разлика во температурата, голем број се соочуваат со проблемот кој го предизвикуваат замаглените прозори во својот автомобил. Лошата видливост пречи и го прави возењето опасно.
Постои решение за овој проблем. Доста е едноставно, но навистина, многу ефикасно.
Еве што треба да направите за повеќе никогаш да не ви се замаглуваат прозорите:
Ќе ви биде потребно:
-било какви памучни чорапи
-песок-апсорбер на влага за мачки (се продава во продавници за миленичиња)
Постапка:
Во чорапот ставете песок (може да користите и силико гел), наполнете ја до половина.
Врзете го и ставете го другиот чорап.
Чорапот ставете го на било кое отворено место во автомобилот.
Песокот апсорбер ќе ја впие влагата од воздухот, па затоа прозорите нема да се замаглуваат, ќе останат чисти и проѕирни.