Рецепт од тефтерот на баба ми.
Потребни состојки:
600 г брашно тип 400
150 г путер
150 г шеќер
2 јајца
1 прашок за печиво
100 мл млеко
За фил:
300 г мелени ореви
5 полни лажици џем од кајсии или сливи
малку екстракт од рум
150 г шеќер
50 г чоколадо за готвење
100 г путер
200 мл млеко
2 кори издробени (објаснето во постапката)
Глазура:
100 г чоколадо
3 лажици шеќер
3 лажици вода
50 г путер
Постапка:
Измешајте брашно, прашок за печиво, шеќер, јајца и путер, додадете млеко па замесете мазно тесто што не лепи на рака.
Поделете го на 4 дела.
Секој дел развлечете го во правоаголна кора со димензии 30х20 см. Секоја кора печете ја на превртен плех на 200 степени околу 10 минути.
Штом ќе забележите дека краевите започнуваат да руменеат, вадете и превртувајте на жица за да излади.
Одберете две кори кои според вас се најубави, а другите две издробете ги или сомелете ги, бидејќи се потребни за филот.
За фил: измешајте ореви, издробени кори, шеќер, рум, џем, додадете растопено чоколадо и путер, па млеко и сето убаво промешајте го.
Земете една кора и ставете ја на тацна, па малку испрскајте ја млеко. Нанесете го целиот фил, па втората кора, исто така испрскајте ја малку млеко и одозгора нанесете глазура.
За глазура: растопете го чоколадото на тивко заедно со путерот, шеќерот и водата, па излејте преку колачот.
Најдобро е да преноќи па потоа да се сече наковки или штангли.