Нема потреба да трошите пари за сервис.
За сите чистењето и средување на станот претставува потешкотија која бара напор и време.
Една од најлошите работи кои многу тешко се чистат се теписите кои многу тешко се перат, особено зимно време и за кои е потребно долго време да се исушат, впиваат лоши мириси, а свесни сме дека треба да се перат барем еднаш годишно.
Свесни дека теписите можат да бидат рај за прашина и грини, а тоа може да претставува голем проблем за сите оние кои веќе патат од алергија или имаат потешкотии со дишењето.
Првото нешто што треба да направите е темеплно да го исчистите со правосмукалка.
За дамки од храна: користете газирана вода. Натопете ја дамката со газирана вода и добро истријте ја. Ова практикувајте го секогаш кога ќе ви падне храна на тепихот и веднаш отстранете ја дамката со крпа која сте ја натопиле во газирана вода.
За дамки од домашни миленици: користете прашок за печиво помешан со малку вода. Со добиената паста истријте ја дамката. Веднаш ќе исчезне.
Суво чистење на дамки со природен сапун без хемикалии. Изрендајте ваков сапун во количина од 3 лажици и помешајте го со 310 г пченкарен скроб. Сипете ја смесата врз тешихот и со тврда четка истријте, па поминете со правосмукалка.
За овој третман се користи исклучиво природен сапун, зашто во спротивно ефектот ќе биде лош, дури и ќе привлече повеќе нечистотија.
Освежување и перење на тепихот со оцет: Во подлабок сад или леѓен сипете 3 чаши вода и додајте 1 чаша бел (алкохолен) оцет 9%. Можете и едноставно да го испрскате врз тепихот.
Потоа со крпа или сунѓер поминете го целиот тепих и оставете да се исуши. Ако станува збор за некој чувствителен тепих, во тој случај испрскајте на мал дел од тепихот за да ја видите реакцијата, а дури потоа, ако е безбедно, истретирајте го целиот тепих.
Суво чистење со сода бикарбона: посипете го тепихот со сода бикарбона за дезинфекција и неутрализација на непријатните мириси. Оставете да делува најмалку 20-30 минути.
Откако ќе поминат тие 20 минути, треба да го избришете целиот тепих со крпа натопена во топла вода, а потоа да поминете со правосмукалка.
Со овие рецепти ќе успеете да се ослободите од сите бактерии во вашиот тепих, а воедно и да го исчистите како да е нов. Видеопрезентацијата можете да ја погледете ОВДЕ.