Многу е познат напитокот со лимон, но сега станува збор за напиток од кој ќе ги искористите сите можни бенефити што тој ги дава. Не само сокот од лимон, туку и кората која во себе содржи важни витамини и мерали.
Потребни состојки:
500 мл вода
6 лимони
Мед по потреба
Постапка:
Во еден сад ставете вода и лимон со кора, исечен на покрупни парчиња. Ако лимонот не е органски, претходно добро истријте го со сода бикарбона и исплакнете го.
Вака нека се готви три минути, потоа тргнете од оган и оставете малку да излади. Процедете ја течноста, а напитокот складирајте го во стаклено шише или чаша и додадете малку мед.
Овој чудотвортен напиток овозможува:
-ја поттикнува перисталтиката, го подобрува метаболизмот и го олеснува празнењето на цревата
-го зајакнува имунолошкиот систем
-го балансира рН нивото во организмот
-му дала дополнителна енергија на организмот
-врши детоксификација
-штити од настинки