Кавадаречко слатко Рачели (Рејчл) од тиква со шира…Има различни рецепти за ова слатко, а ова е мојот рецепт. Фото и рецепт: Верка Коцева
Потребни состојки:
1 кг тиква
3 литри вода
1 кг 300 г шеќер
2 литри шира
Постапка:
1.Тиквата исчистете ја и исечкајте во форми по ваш избор.
2.Парчињата ставете ги во варова вода да отстојат еден час, а потоа извадете и измијте ги со чиста вода.
3.Водата со шеќерот се става да зовие па се додава тиквата а потоа и ширата додека да се свари.
Важно: видот на тиквата треба да е од жолтите и долгнавести.