КАРФИОЛ ПОВКУСЕН ОД МЕСО…Подгответе го според овој рецепт и воодушевете го вашето семејство…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица карфиол поделена на цветчиња
1 лажичка сол или по вкус
2 лажици маслиново масло
2-3 јајца јајца
30-50 мл неутрална течна павлака (крем)
црн пипер по вкус
50-80 г рендан пармезан или кашкавал
100 г мека моцарела на парчиња
црвен пипер и зачини по вкус
ПОСТАПКА:
Сварете го карфиолот 5 минути во зовриена вода во која сте додале лажичка сол. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Процедете ги добро, намастете ги рамномерно од сите страни и печете ги 10-тина минути во огноотпорен сад.
Јајцата изматете ги со павлаката, додајте малку рендан пармезан и зачини по вкус.
Прелијте го карфиолот и одозгора дополнително посипете уште малку рендан пармезан/кашкавал и парчиња моцарела. Посипете малку црвен пипер и допечете уште 20-тина минути.
ЧОРБА ОД КАРФИОЛ едноставна, брза и здрава – секој треба да ја јаде