Сувите кајсии се добиваат со посебен процес на сушење кој ја евапорира водата од овошјето, без да ја оштети или намали хранителната вредност на сувото овошје. Во својот состав содржат калциум, калиум, фосфор, витамин А, железо и витамин Ц.
Сувите кајсии помагаат при анемични состојби бидејќи се одличен извор на железо и помагаат во врзувањето на хемоглобинот, што посебно е значајно за жените за време на менструален циклус.
Исто така лекуваат констипација бидејќи содржат целулоза и пектин. Го регулираат правилното варење на храната во стомакот, а посебно се лековити доколку се консумираат пред оброк.
Во комбинација со мед, сувите кајсии го зголемуваат своето лековито дејство кое помага во намалување на жедта и лекување на треска. Одлични се за кожни проблеми бидејќи ја чистат кожата.
Сувите кајсии е посебно важно да ги консумираат жените бидејќи го одржуваат гинеколошкото здравје. При секојдневна консумација го стимулираат лачењето на млеко кај мајките. Помагаат против неплодност, хеморагија и ваги-нални инфекции.
Тие се одличен извор на калиум, кој е корисен минерал и електролит за правилна размена на течностите во организмот. Сувите кајсии содржат висока количина на витамин А, кој е неопходен за добар вид и е моќен антиоксиданс кој помага во отстранувањњето на слободните радикали од телото и на тој начин ги чува очите од катаракта или други оштетувања на очната леќа.
Помагаат во лекување и олеснување на симптомите при туберкулоза, астма и бронхитис. Бидејќи содржат калиум и тоа трипати повеќе од бананите и содржат само незначителна количина на сол, сувите кајсии се многу корисни во намалување на кр-вниот притисок.
Сувото грозје е богато со витамини од групата Б и помага во борбата против анемијата, ја подобрува функцијата на црниот дроб и добро влијае на варењето на храната поради високата содржина на диететски влакна.
Исто така, сувото грозје е богато со калциум, а со додавање на јогурт, се добива моќен лек кој ги зајакнува коските. Сувото грозје содржи помалку протеини, а поголема концентрација на шеќер.
I Рецепт: Лек од суви кајсии и суво грозје за анемија, аритмија и зајакнување на имунитетот
Потребни состојки: 4 лимони (со се кора), 400 г мед, 200 г мелени ореви, 200 г суво грозје, 200 г суви кајсии.
Постапка: Измијте ги лимоните добро заедно со кората, доколку е органска. Ако лимоните сте ги купиле од супермаркет или друго место и се прскани со пестициди, тогаш измијте ги и оставете ги да отстојат во сад со вода и сода бикарбона.
По изминатото време, извадете ги семките од лимоните, а потоа изблендирајте ги. Во блендерот додајте ги оревите, сувото грозјето и сувите кајсии и повторно изблендирајте ја смесата.
На крајот додајте го медот и соединете ги сите состојки. Смесата складирајте ја во тегла, затворете ја и оставете ја да отстои 2 часа на собна температура, а потоа чувајте ја во фрижидер.
Консумирајте двапати на ден по една лажица, наутро и навечер, половина час пред оброк. Терапијата трае еден месец, а потоа направете пауза. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
II Рецепт: Кардиолозите изненадени, оваа тинктура го лечи срцето, смирува тахикардии и ја регулира неговата работа
Глогот помага во одржување на нормална и правилна функција на срцето. Тој е еден од најдобрите природни лекови за срце. Од глогот може да се направат различни лекови, но дефинитивно оваа тинктура е најдобриот лек кој ја смирува тахикардијата.
Глогот го олеснува гастритисот, ја подобрува циркулацијата на кр-вта во срцето, мозокот и нозете, ги олеснува функционалните нарушувања на срцето како што се тахикардија, аритмија и срцева слабост, ги зајакнува капиларите и кр-вните садови.
Глогот е силен антиоксиданс кој има корисен ефект врз лимфната дренажа. Се користи против целулит и болести на зглобовите, одличен лек е за мирен и добар сон, спречува срцев у дар и ги прочистува маснотиите од кр-вта.
Глогот ги елиминира сите несакани ефекти од премногу висок или низок кр-вен притисок, а исто така ги елиминира симптомите на возбуда кои предизвикуваат главоболка, вртоглавица и тинитус.
Потребни состојки: 20 г мелен сув глог, 100 мл 70% алкохол.
Постапка: Во тегла ставете го мелениот глог, а прелијте со 70% алкохол. Затворете ја теглата и добро протресете ја теглата за да се соединат состојките. Оставете тинктурата да отстои 15 – 20 дена на собна температура, подалеку од светлина.
По изминатото време процедете ја смесата и консумирајте трипати дневно по 10 капки од тинктурата, пред оброк. Терапијата трае 20 дена, а потоа направете пауза од 7 дена.
По желба, повторете ја терапијата. Капките тинктура разредете ги во чаша вода и консумирајте го лекот. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.