Вашиот омилен зачин е идеален за детоксикација, бидејќи ефикасно го чисти организмот од вируси, габички и бактерии.
Маслото од каранфилче се користи во антипаразитното чистење на дигестивниот тракт, бидејќи ги уништува сите микроскопски видови на паразити, ефикасен против кандида и други габички, бактерии, стрептококи.
Каранфилчето е специфичен зачински вид на дрво кое расте во тропските краишта на Азија. Станува збор за зимзелено дрво кое е високо 12 метри, а со сушење на неговите цветови настанува ароматичен зачин.
Маслото од каранфилче се користи во антипаразитното чистење на дигестивниот тракт, бидејќи ги уништува сите микроскопски видови на паразити, ефикасен против кандида и други габички, бактерии, стрептококи.
Делува како антихистаминик, помага во растворање на крвни згрутчувања, го намалува високиот крвен притисок и холестерол во крвта. Ја ублажува болката, особено забоболката, го регулира шеќерот во крвта, ја ублажува мачнината и ја подобрува работата на црниот дроб.
Има примена во прехрамбената индустрија бидејќи ја чува храната од гниење и расипување. При готвење важно е да не го разварувате на висока температура.
Исто така, има голема примена во лековити и козметички препарати за надворешна употреба, како етерично масло, состојка во кремите или масло.
Во стоматологијата има примена благодарение на антисептичките и аналгетските ефекти, исто така, за надворешна употреба. Во поедини земји стоматолозите го употребувале неговото масло за дезинфекција на заботе пред операција.
Станува збор за супербилка богата со антиоксидативни и противвоспалителни својства. Експертите нагласуваат дека поради силната арома, не треба да се претерува со консумација.
Покрај другото, има благо стимулаторно дејство. Најмногу се користи во облик на масло, а помалку како зачин, иако може значително да го подобри вкусот на храната. Ако сирењето го зачините со каранфилче, ќе добиете сосем нов вкус. А може да го додавате и во сладолед. Како зачин одлично си одговара со месо или со риба.