Рецептот што ќе го прочитате во продолжение е еден од најдобрите за подготовка на „карамел торта“, со мек и фин бисквит и богат крем од карамел кој многу лесно се приготвува.

Одлична е за родендени и други свечени пригоди. Ќе ви претставиме две варијанти од рецептот. Втората торта се приготвува со два вида креми, па зависно што ќе одберете, може да добиете две торти, една со лешници, а друга со ореви. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца (разделени), 80 г шеќер, 80 г брашно, малку арома од ванила. ЗА КАРАМЕЛ КРЕМ: 600 мл слатка павлака, 300 г ситен гранулиран (кристал) шеќер, 160 г бело чоколадо

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 белки, 6 лажици шеќер, 1.5 лажица брашно, 120 г мелени ореви или лешници. ЗА КРЕМ I: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 2 лажици густин/скроб/нишесте, 340 мл млеко, 170 г маргарин. ЗА КРЕМ II: 200 г шеќер, 200 г слатка павлака, 140 г ореви или лешници




ПОСТАПКА за рецепт 1: ставете ја павлаката на оган да се загрева и тргнете ја настрана пред да зоврие. Чоколадото ситно исечкјате го.

Во подлабоко тенџере најпрво растопете 3 лажици шеќер, па штом почне да се топи, додавајте малку по малку и на тој начин растопете ја целата количина шеќер додека да се карамелизира и да ја добие посакуваната боја.




Кога шеќерот целосно ќе се растопи внимателно започнете да ја додавате топлата павлака, непрекинато матејќи. А после сè останато. Мешајте додека да добиете еднолична смеса.

Внимавајте при налевањето на павлаката во врелиот шеќер бидејќи се оcлободува врела пареа и смесата брзо се подига нагоре, па затоа е подобро ова да се работи во подлабоко тенџере.




Во врелата смеса додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи и соедини. Целата смеса пресипете ја во некој друг сад и оставете да се олади во фрижидер покриена со стреч-фолија, најдобро преку цела ноќ.




Белките цврсто изматете ги со постепено додавање на шеќерот, а во снегот додајте ги жолчките една по една. На крај додајте го брашното но мешајте бавно со лажица за да остане смесата пенлива.

Излејте ја смесата во калап 23 см обложен со хартија или намастен и набрашнет и ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени, 30-35 минути. Кога ќе се олади бисквитот пресечете го на три кори.




Добро оладениот и згуснат карамел крем изматете го со миксерот, најпрво со помала брзина, а потоа со побрза, додека да добиете фин крем.

Со кремот филувајте ги корите и целата торта одозгора. Декорирајте по желба и до пред послужување чувајте ја во фрижидер најмалку 3 часа. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 2: Испржете ги/истостирајте ги оревите и лешниците. Рерната вклучете ја да се загрева на 170 степени.

Белките изматете ги со шеќерот, па во цврстиот снег додајте ги мелените ореви или лешниците и брашното, па промешајте со лажица додека да се соедини.

Од оваа смеса испете три тенки кори во помал тркалезен калап или една голема која кога ќе се олади ќе ја пресечете на три.




Помешајте жолчки, шеќер, ванила, млеко и густин и ставете на оган да проврие со непрекинато мешање. Кога ќе згусне оставете да се олади.

Пенасто изматете го маргаринот, па додајте го во оладениот крем од жолчки и миксајте додека да добиете изедначен, фин крем.




Шеќерот ставете го да се растопи, па излејте го врз хартија за печење и оставете целосно да се олади. Лешниците или оревите крупно исечкајте ги. Изматете ја слатката павлака во шлаг.

Оладениот карамелизиран шеќер сомелете го, помешајте го со оревите и додајте го шлагот од слатката павлака.




Ставете ја првата кора, па жолтиот крем, па белиот и така до крај. Преку кремовите, на крај истопете шеќер и испрскајте одозгора, па оставете ја тортата да се олади во фрижидер неколку часа да се стегне или најдобро преку цела ноќ, па послужете. / Сооlinarika.сom