Лековитиот крем од банана е одлично средство против кашлица чија ефикасност е проверена и во лекувањето на упорна кашлица и бронхитис.

Особено е делотворен кај децата, но и кај возрасните. Вкусен, здрав и многу хранлив, овој крем поволно делува и врз желудникот.

Ако вашето дете го мачи болно грло и кашлица, пробајте го овој чудесен крем.

Потребни состојки:

2 средно зрели банани, со точки на кората

2 лажици шеќер или мед, со тоа што ако користите мед, тој се додава кога смесата малку ќе подизлади.

400 мл врела вода

Постапка:

Бананите излупете ги. Добро изгмечете ги со виљушка, додадете шеќер и добро промешајте. Прелијте со врела вода, промешајте и поклопете. Оставете да отстои 30 минути.

Ако користите мед, додадете го на крај, кога смесата ќе биде изладена.

По половина час смесата процедете ја, но и не морате.

Пред консумирање секогаш малку загрејте. Се пие 4 пати дневно по 100 мл.

Секој ден треба да се приготви нова доза.

За неколку дена кашлицата ќе исчезне.