Како се кисели зелка за зима без преточување – 16 години вака ја киселам и никогаш не ми се расипала…Рецепт и видео прилог на Бокина кујна: „Киселење зелка без преточување“
Тајната всушност е многу едноставна: солта треба целосно да се растопи и потоа нема причина за преточување на зелката. Вака ја правам веќе 16 години и никогаш не ми се расипала… На 10 литри вода одат некаде 300 г сол.
Потребни состојки:
60-65 кг зелка
буре од 120 литри
65 литри вода
околу 2 кг сол
Постапка:
Добро е да имате различни големини на зелка, поголеми и помали, а кога ќе ги купувате одбирајте тврди главици. Бурето треба да биде добро измиено и дезинфицирано.
Зелката не се мие туку се отстрануваат само горните неколку листови и евентуалната нечистотија и се вади коренот (кочанот) – тврдиот дел: се засекува со остар нож во вид на квадрат околу коренот и на тој начин се отстранува дебелиот дел и се вдлабува зелката.
Бурето кое ќе се полни треба да стои во ладна просторија. На дното наредете неколку главици со вдлабнатините свртени нагоре и пополнете ги празнините со сечена зелка. Потребно е долниот слој да биде целиот исполнет со зелка.
Во секоја зелка ставете по 2-3 супени лажици сол. На овој начин наредете го бурето до крај.
Постојат две варијанти за киселење на зелката: На 10 литри вода се растопуваат 300 г сол со мешање и се прелеваат преку зелката. Вака се право смеса се додека да се исполни бурето.
Моето буре од 120 литри собра 60 литри вода и 1,8 кг сол плус онаа која ја ставав во зелките.
Според втората варијанта во тенџере од 7 литри се става вода да зоврие, па се трга од оган и веднаш се става 2,5 кг сол, па кога ќе се растопи постепено се додава во канта со 10 литри ладна вода.
Со оваа солена вода се преливаат зелките во бурето. Па повторно во канта ладна вода се раствора солена вода и се така додека да се исполни целото буре.
Нема да погрешите по било кој рецепт да се раководите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: