“Еве погледнете како изгледа рерната кога мојот сопруг пече месо и после божикните и новогодишните празници кога буквално не се гасеше од приготвување на разни јадења. Бидејќи сакав да ви ги откријам овие мали тајни за чистење на рерната, истата ја оставав така и не ја чистев после употребата”, вели Драгана.
Направив смеса со која најпрво ја исчистив рерната, а се состои од природни состојки и ја користам веќе со години. За вториот трик прочитав од интернет дека некоја жена на овој начин ги чистела плеховите од рерна, па дојдов на идеја да го испробам истиот метод за да си ја исчистам рерната.
Станува збор за твдокорни загорени дамки и нечистотија кои никако не можев да ги отстранам, но со помош на овој трик – сè исчезна. Вие и сами знаете дека сакам со вас да споделувам разни трикови кои ни помагаат во домаќинството, особено за чистење кои ги користам и сметам дека на многумина ќе им бидат од корист.
Па така се надевам дека и ова споделување ќе ви биде корисно, а едвај чекам да слушнам како вие ја чистите рерната, дали сте го испробале овој метод или имате некоја своја тајна во чистењето. Тука сме за сите заедно да си помогнеме и да си олесниме колку можеме повеќе.
Правата смеса за чистење е доста едноставна и верувам многумина од вас веќе ја користат во своето домаќинство. Основни мерки за да ја приготвите оваа смеса се: 1 кафена шолја (филџан за кафе) сода бикарбона, половина кафена шолја вода и 1 кафена шолја ал-ко-холна киселина (бел оцет 9%).
Рецептот и видео презентацијата која можете да ја погледнете подолу на линкот, е на Драгана Михајловиќ од “Направи Сама- Идеи за креативци”. Постапка за приготвување: во подлабок сад ставете еден филџан сода бикарбона и половина филџан вода.
Промешајте добро за да се раствори сода бикарбоната во водата, па потоа додадете и еден филџан бел оцет 9%. Оцетот е најдобро да се додава постепено, малку по малку, бидејќи сите знаеме дека прави бурна реакција во комбинација со содата и започнува да пени.
Меѓутоа, сите знаеме исто така, колку оваа комбинација е моќна кога станува збор за чистење на тврдокорните масни и загорени дамки. На крај убаво промешајте да дојде до изедначување на смесата. Натопете еден сунѓер во добиената смеса и нанесете врз нечистотијата.
На оние потврдокорните места ставајте подебел слој од смесата. Убаво поминете ја целата рерна, а малку повеќе задржете се на проблематичните делови. На крај, чинијата со остатокот од смесата ставете ја на решетка внатре во рерната и вклучете да загрева на 100 степени.
Вака оставете ја рерната да се навлажнува со испарувањата на смесата околу 40-45 минути. За оваа намена користете чинија која може да ја поднесе оваа температура, а доколку не сте сигурни дека имате ваква огноотпорна чинија, тогаш смесата ставете ја во некое тенџерче.
По изминатото време исклучете ја рерната, извадете ја чинијата со смесата и најпрво исчистете ја решетката додека сè уште е топла. Едноставно поминете ја со сунѓерот од сите страни. За да ја исчистите рерната ќе ви биде потребна само чиста вода, сунѓер и евентуално малку детергент.
Со помош на жица малку поенергично поминете ја внатрешната страна од стаклото на рерната. Доколку рерната не ви била чистена подолго време како мојата, на крајот сепак ќе останат некои тврдокорни дамки кои никако не сакаат да излезат, па колку силно и да триете.
Е сега на сцена настапува оној трик што некаде го имав прочитано на ин-тернет и можам да ви кажам дека навистина функционира. За тоа ви е потребна една метална паричка, малку натопена во вода. Со неа протријте ги овие тврдокорни дамки, но не смеете премногу да притискате.
Пронајдете го соодветниот агол на кој ќе ја поставите паричката и внимателно грепкајте без да ја изгребете површината на рерната. Излегува дефинитивно! Најдобро е да испробате на некоја помала површина и да видите како ќе ви оди, па дури потоа да продолжите на некој поголем дел.
На крај не заборавајте да ја исчистите и ребрената гума која се наоѓа околу рамките на вратничката од рерната, бидејќи во неа се собира најмногу нечистотија од јадењата кои на капнуваат додека ги пробуваме и проверуваме додека се печат. Ова најдобро се прави со чкорче од ќибрит.
Ако имате двојно стакло на вратничката од рерната, извадете го внатрешниот дел за да можете убаво да ги исчистите и внатрешните страни, бидејќи и во овој дел успева да навлезе нечистотија и масни дамки од испарувањата на разните јадења. На крај избришете го стаклото со сува крпа.
Откако убаво ќе ја исчистите целата рерна, на крај изгланцајте ја со сува крпа, па вратете го стаклото и внимателно поставете го на своето место. На крај резултатот ќе ве воодушеви – беспрекорно чиста рерна. Сите детали од постапката на чистење можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.