Познато е дека за ослободување од бројни болести доволно е да се исчистат цревата ос слуз, фекални наслаги и други паразити.
На 70 годишна возраст, во текот на животот, низ цревата поминале 100 тони храна и 40 илјади литри течност.
Доколку празнењето на фекалиите не е редовно и правилно, може да дојде до нивно таложење и трулење во цревата.
Тогаш организмот станува подложен на алергии, добива хроничен замор, пореметен метаболизам, прекумерна тежина, лош изглед на кожата, косата и ноктите.
Индикации за спроведување на овој третман:
-воспалителни процеси на слузокожата на горниот респираторен тракт, гастроинтестиналниот тракт
-гастритис, колитис, чир на желудник и 12-палечно црево
-болести на уринарен тракт, циститис
-прекумерна тежина, нарушен липиден метаболизам
Затоа, еднаш годишно потребно е да се спроведе следново чистење:
Три седмици наместо појадок да се консумира-
Прва седмица: 1 лажица сомелено ленено семе измешано со 100 мл кефир.
Втора седмица: 2 лажици сомелено ленено семе помешано со 100 мл кефир.
Трета седмица: 3 лажици сомелено ленено семе помешано со 150 мл кефир.
Лененото семе е најдобро да го мелите пред употреба, но ако веќе имате поголема количина сомелено семе, тогаш чувајте го во стаклена тегла во фрижидер.
-Треба да се пијат 2-3 литри вода дневно, а најдобри резултати се добиваат ако овој третман се комбинира со медена вода.