“Уроците може да се “фатат” на човек, но и на имотот, на куќата, на градината, на стоката и на се’ што човекот користи.

Луѓето не се многу информирани за уроците па затоа ги трпат последиците а решенијата ги бараат на погрешни места” – вели исцелителката В.Д.

Во најголема опасност се убавите луѓе, успешните и богатите.

Постојат два вида уроци: урок од човек и урок од дух-ентитет.

Постојат духови-ентитети кои му завидуваат на човекот и затоа го урочуваат и го наведуваат несвесно да прави лоши работи, па постепено урочените луѓе влегуваат во пропаст.

Како да го препознаете урокот?

Кај урочените луѓе може да се забележат некои видливи, физички значи. На телото им се појавува жолта или црна дамка. Други знаци по кои се препознаваат:

-претерано прозевање проследено со солзи

-болка во градниот кош

-нерасположение

-депресија

-незаинтересираност за било што

-ненадејна болка во главата, градите и вратот

Што е урок?

Урок е поглед на восхит помешан со завист на особата која има расипана душа. Луѓето поседуваат различни моќи, а некои од нив имаат и различни невидливи помагачи.

Лошата особа со своите продорни очи делува врз одреден човек ако е незаштитен, а доколку е заштитен, тогаш урокот се враќа на испраќачот.

Уроците се многу опасни, особено ако не се откријат навреме и најчесто завршуваат трагично и ненадејно.

Ноќта е најопасна

Понекогаш можете да се најдете на погрешно место во погрешно време и да закачите некое зло врз себе кое првенствено не било наменето за вас. Затоа запамтете, ноќта е најопсна зошто може да нагазите на нешто валкано, на туѓа крв, валкана крпа, ѓубре. Одбегнувајте навечер да излегувате и да фрлате ѓубре до контејнер и до други валкани места.

Ако веќе мора да излезете од дома, кажете ја молитвата: “Боже влези во мене, биди покрај мене, биди пред мене и покрај моите најблиски. Амин!”

-Од циклусот народни верувања