Луѓето отсекогаш немаа апарати за мерење на притисок, па нашите стари вака правеа…
Секако, најпрецизно е да се мери притисокот со живин апарат, но често се случува да го немате при рака. Во тој случај потребен ви е дрвен линијар, свилен конец и златен прстен.
Ставете го линијарот на внатрешниот дел од левата рака (попрецизно е), но така што нулата ќе ви биде на коренот од шаката.
Наместо линијар можете да користете и кројачка метарска лента.
Врзете го прстенот за свилен конец и полека повлечете го долж линијарот (од дланката кон лактот), без допирање. Внимателно следете го прстенот.
Кога ќе почне да потскокнува, забележете ги бројките на скалата од линијарот, во милиметри – тоа ќе одговара на долниот притисок.
Продолжете да се движите долж линијарот. Близу лактот, прстенот повторно ќе почне да потскокнува или да се врти околу својата оска, со што ќе ја означи вредноста на горниот притисок. На пример, прво осцилирање на 80 мм, а второ на 120 мм – означува дека артерискиот притисок е 120/80.
Лицето на кое му се мери притисок не смее да се мрднува, ниту да зборува, во спротивно – мерењето ќе биде погрешно.