Секоја жена мечтае за здрава и мазна кожа. За жал, непријатностите како што ги прави куперозата (црвенило и испукани капилари на лицето) го пореметуваат квалитетот на животот и убавината на многу жени.
Причините за купероза сè уште не се докрај исражени. Се претпоставува дека за тоа се најодговорни гените и слабото сврзно ткиво, а состојбата ја поттикнуваат и одредени внатрешни и надворешни фактори како стрес, УВ зрачење, алкохол, силни зачини, кофеин, хормонална нерамнотежа.
Црвенилото не е исклучиво естетски проблем, бидејќи со понатамошен развој на пореметувањето може да се појави и розацеа.
Од купероза можете да се ослободите со помош на неколку ефикасни и проверени народни средства. Еве неколку корисни совети како да се ослободите од испуканите капилари на лицето со помош на традиционална козметологија.
АЛОЕ
Исечете лист од алое надолжно, оставете го неколку денови во фрижидер. Пред спиење со исечената страна од листот намачкајте го лицето кое претходно сте го исчистиле со изладен зелен или црн чај. Постапката повторувајте ја секој втор ден во период од две седмици.
ЗЕЛЕН ДОМАТ
Во текот на десет дена секојдневно ставајте облози од зелен домат, кој содржи неопходни киселини кои активно делуваат врз сузбивањето на куперозата. Исечете го доматот на ленти и редете ги напроблематичните делови на кожата. Оставете да делува 3 минути. Потоа лицето измијте го и нанесете хидрантен крем.
МАГДОНОС
Овој ефикасен рецепт го користеле и нашите баби. Земете еден грст магдонос (лист) и прелијте го со 100 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои половина час. Потоа процедете го и додадете 50 мл млеко. Со оваа течност натопете помало пешкирче, нежно исцедете го и ставете го врз лицето да делува 20 минути. Постапката спроведувајте ја редовно во текот на 20 дена, а потоа повторувајте по потреба.
ЖАЛФИЈА
Пригответе лековито млеко од жалфија. 4 лажици сува жалфија прелијте со 200 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои 10-тина минути. Процедете и додадете 200 мл млеко. Со ова млеко темелно избрешете го исчистеното лице. После 10 минути измијте се со преостанатото млеко.
Потоа лицето се мие со изладена вода неколку пати. Постапката можете да ја повторувате секојдневно додека да дојде до подобрување.
И секако, одржувајте здрав начин на живеење. Не си трујте организмот со цигари и алкохол, вежбајте и хранете се здраво.