Home Останато Корисно Како да им ја вратите белината на пожолтените апарати во домаќинството

Како да им ја вратите белината на пожолтените апарати во домаќинството

Секој од нас, особено жените се нервираат кога белата техника ќе добие жолтеникава боја. Истото важи и за старите телевизори и монитори, куќиштето од компјутерите, тастатурите…

Погледнувате околу себе и ви се чини дека сè има жолтеникава боја и не ви е јасно како се случило тоа кога редовно бришете прашина.  За среќа, досетливите луѓе откриле начин за решавање и на овој проблем.

Прво исклучете го уредот од струја, расчистете го и одалечете го малку од ѕидот или ако станува збор за телевизор и монитор, преместете го на маса за полесно спроведување на чистењето.

Избришете ја прашината со влажна крпа. Земете шише со распрскувач во кој сте ставиле раствор од алкохолен оцет во однос 1:10, или чист оцет ако е премногу жолто.

Испрскајте го целиот уред освен деловите преку кои течноста може да навлезе во внатрешноста на апаратот.

Земете чист сунѓер и пребришете убаво, а можете да ја користите и грубата страна за триење. Оставете да делува 30 минути, потоа со влажна крпа пребришете и на крај завршете со сува памучна крпа.

Постапката можете да ја повторите доколку уредот сè уште не е избелен, но овојпат оставете подолго да делува, па дури можете да користите и чист лимонов сок.

Крајната опција е да користите избелувач разреден исто така 1:10, но притоа користете ракавици за да не ја оштетите кожата.