Се верува дека некои техники од Истокот во комбинација со чудесни елементи може да го заштитат домот од крадци, а еве што велат експертите на оваа тема:
Понекогаш правилниот распоред на елементите во домот и слободниот проток на позитивната енергија не се доволни.
Кражби се случуваат ширум светот и за жал речиси секој ден. Меѓутоа, Фенг шуи експертите веруваат дека нивната техника може да го заштити домот од такви неволји.
Еден вид заштита е Багуа огледалото чија рамка има облик на осмоаголник. Ова огледало се поставува над влезната врата или од страна на куќата за која се верува дека може да дојде до потенцијална опасност.
Иако е ефикасно, фенг шуи експертите веруваат дека Багуа огледалото не е доволно за целосна заштита на домот. Многумина веруваат дека против ваквите ситуации најдобрата заштита, сепак е фигурата наречена Фу Догс (половина лав, половина змеј) која треба да се чува во близина.
Сепак, познавачите истакнуваат дека оние кои имале проблем со кражби во своите домови, покрај сите овие елементи една техника била најделотворна: кога излегувате од дома, во мислите направете визуелизација на својот дом и замислете ја својата куќа опкружена со бела светлина која симболизира позитивна енергија. На тој начин создавате енергетски штит околу куќата и спречувате можност за случување на несреќа.