Home Здравје Како да го заштитите домот од глувци? Споделете ваши мислења

Како да го заштитите домот од глувци? Споделете ваши мислења

Со доаѓањето на студените денови, глувците природно сакаат да се заштитат во вашите домови, а тие тоа го прават совршено добро. Доволно е и најмалото дупче или длабнатинка тие да го претворат во влез кон вашиот и нивниот иден дом.

За жал, знаеме дека овие животинки многу брзо се размножуваат и пренесуваат тешки заразни болести, па затоа е најдобро колку можеме да ги држиме подалеку од нашиот дом. Како прво, добро заштитете ги сите влезови, прозори и други премини за вашиот дом или подрум.

Во текстот ќе прочитате хуман начин како да се ослободите од овие животинки, доколку не сакате да ги повредите, но и конвенционални начини, а сепак природни и без употреба на хемикалии.
Глувците и стаорците насекаде во светот се приспособени да живеат во најнепријатни услови.

Но, она што последно го посакувате е ваквите суштества да влезат во вашиот дом. Овие животинки можат да минат низ пукнатините на ѕидот и низ други отвори како што е канализацијата.

Да не заборавиме дека овие животинчиња освен што оставаат измет насекаде, тие исто така шират и страшни заразни болести.

Доколку имате мали деца во домот, ризикот е уште поголем, бидејќи децата често си играат на подот па се изложени на каснување или допирање на телесните течности и изметот од овие животинки.

Овие штетници лесно и брзо се размножуваат. Само замислете си, женските стаорци може да имаат од 15 до вкупно 22 глувци годишно. Иако постојат многу пестициди за елиминација на овие глодари, најдобро е да се ослободите од нив на природен начин.
Хемиските агенси се многу силни, па затоа се и ефикасни бидејќи глувците ќе го напуштат вашиот дом на подолг период.

Меѓутоа, проблемот е во тоа што остатоците од овие хемикалии остануваат во домот и можат да го загрозат вашето и здравјето на вашите најблиски.

Затоа, обидете со овие природни методи:

Еве еден многу ефикасен начин, кој нема да им наштети на животинките, туку само ќе ги оддалечи од вашиот дом. Еве како:

Земете неколку кесички чај од нане во ќесичка, сварете вода и подгответе го чајот вообичаено. Чајот можете да си го испиете, а ќесичките распоредете ги во домот каде што се сомневате дека се крие глувчето.

Тајната е во тоа што мирисот им е предилен на овие животинчиња и тие се принудени да го напуштат местото, но и да не се враќаат повторно!

Можете исто така, наместо чај, да користите и тинктура од нане. Во тој случај ставете неколку капки во прскалка со вода и испрскајте по аглите. Постапката повторувајте ја еднаш седмично.

Исто така, можете да го направите и следново:

Едноставен начин, исто така, е да ставите парчиња памук во кои сте капнале етерично масло од нане, па да ги распоредите на критичните места низ домот.
Овој начин е ефикасен и во борбата против мравки, бубашваби и други инсекти.

Нането може да се користи и како природна заштита против комарци.

Во две лажици масло од јојоба, ставете 3-5 капки етерично масло од нане, па промешајте. Потоа, оваа мешавина нанесете ја на кожата која не е покриена со алишта.

-Користете сода бикарбона:

Оваа состојка е многу ефикасни бидејќи глувците не можат да ја сварат. Поставете на стратешки места, онаму каде што глувците најмногу се движат. Тие ќе ја јадат и ќе умрат.

-Метод со гипс

Овој метод вклучува мешавина од гипс, храна и сол. Ставете од оваа мешавина на стратешки места, па кога глувците ќе ја внесат во својот организам, гипсот ќе се зацврсти во нивниот организам и тие ќе умрат.

-Чоколадо и гипс

Глодарите исто така ја сакаат слатката храна. Затоа, чоколадото е одлично за привлекување на нивното внимание. Измиксајте чоколадо во прав со гипс. И овој метод функционира исто како претходниот.