Милии се многу чест проблем кај луѓето, без разлика на возраста. Овие бели тврди точки, налик на просо, иако се својствени за бебињата, сепак може да се појават и кај возрасни луѓе, на целото лице. Се формираат од кератинот кој го произведува кожата, кога тој ќе се зароби под површината на кожата и ќе гормира циста во облик на бела точка.
Исто така, може да се појават и поради претерана работа на лојните жлезди, при оштетување на кожата или поради изгореници од сонце.
За жал, овој вид на милии не поминуваат сами од себе. Овој козметички проблем можете да го победите во домашни услови. Најдобро е да користите комплекс од природни средства и резултатите ќе ве изненадат.
Како да ги остраните милиите од лицето:
-Мијте се со ладна вода
Ова придонесува за намалување на порите на лицето и претставува одлична превентива и за други проблеми со кожата.
-Пилинг за лице од лимон и шеќер
Лимонот има антибактериски, антисептички, избелувачки и антиоксидативни својства. Како природно средтсво постојано се употребува во разни комбинации за нега на кожата.
За пилинг потребни ви се шеќер, лимон и маслиново масло.
Од наведените состојки направете паста и со нежно втривање, со кружни движења нанесете го на лицето. Оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете.
-Етерично масло од чајно дрво
Ова масло е природно средство за дезинфекција на кожата. Има антибактериски и антифунгални својства, што и помага на кожата да биде почиста и поотпорна на инфекции. После миење на лицето, со помош на стапче за уво нанесете на местото каде што се милиите. Оставете да преноќи, а наутро исплакнете.
-Кора од калинка во прав
Земете кора од калинка, исушете ја во рерна да добие кафеава боја. Потоа со помош на мелница за кафе сомелете ја во прав. Намправете маска, промешувајќи прав со лимонов сок. Нанесете ја маската на лице и оставете да отстои 15 минути. Исперете. Нанесувајте ја оваа маска неколку седмици, 2-3 пати седмично. Недостатоците на кожата ќе исчезнат!
Многу важен момент: обидете се да одбегнете подолг престој на сонце ако вашата кожа е склона кон милии.