Маските за лице честопати се приготвуваат од намирници што се јадат, бидејќи експертите велат: она што не можеме да го ставиме во уста, не треба да го ставаме ниту на нашето лице. Па така, ние на нашиот портал најчесто ви нудиме природни рецепти кои се благодетни за вашата кожа.

КАКАО МАСКА ЗА ЛИЦЕ

Потребни се четири лажици мелено кафе, четири лажици 100% мелено какао, осум лажици млеко (може и јогурт, бадемово или кокосово млеко), две лажици чист мед (за сува кожа) или лимонов сок (за масна кожа).

Промешајте ги кафето и какаото во еден сад, додадете млеко. Потоа додадете мед или лимонов сок. Сето добро промешајте го и обликувајте густа смеса.

Нанесете ја маската на лице и врат, па оставете да отстои 25 минути. Исплакнете со млака вода и со благо средство за туширање. Исперете нежно без да ја гребете кожаа, а потоа нанесете хидрантен крем.