Овој рецепт е наменет за сите оние кои им треба нешто брзо, а сепак да е вкусно, меко и домашно. Овие уштипци со јогурт се полнети со сирење и тиквички. „Купив многу тиквички од пазар, па некои ги похував, од некои подготвував ќофтиња, но морав да ги искористам уште некои кои преостанаа, па се решив да пребарам некој нов рецепт.
Случајно „налетав“ на уштипците полнети со сирење и тиквички и без размилување знаев дека ова е тоа што го барам. Набрзина станав, ги подготвив и чим ги извадив од тавче ги послужив на трпезата со шолја јогурт. Дечињата ги изедоа до последно, па направив уште една тура за сопругот.
Почнав да подготвувам и многу вкусен сос од јогурт во кој дечињата ги мацаат уштипците. Ги обожаваат на овој начин и постојано ми ги бараат. Детално прочитајте ја постапката во продолжение. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г тиквички, 10 г сол, 2 јајца, 500 г свежо кравјо сирење (младо сирење). ОД СУВИ СОСТОЈКИ ЌЕ ВИ БИДАТ ПОТРЕБНИ: 300 г мазно брашно, половина кесичка прашок за печиво, малку сол, масло за пржење. И УШТЕ: 400 мл јогурт, 2 големи лажици домашно маслиново масло, малку сол, црн пипер, лук и малку копар и власец.
ПОСТАПКА: Пресечете ги двата краеви на тиквичките, излупете ги, изрендајте ги и посолете ги. Оставете ги да отстојат на собна температура 20 минути. По текот на времето ќе забележите дека испуштиле течност која треба да се процеди. Добро процедете ги, а тоа може да го направите на два начина.
Првиот начин е да ги процедите преку сито и да ги притиснете со алатка за пасирање или да ги процедите на рака, во друг чист сад. Потоа, во тиквичките додајте ги јајцата и свежото кравјо сирење (младо сирење) и убаво измешајте во еднолична смеса.
Во друг сад додајте го брашното, прашокот за печиво и малку сол и убаво измешајте. Следно што треба да направите е да ги соединете сувите состојки во влажните во еднолична смеса. Смесата за уштипци е подготвена за пржење. Во подлабоко тавче сипете масло до половина.
Загрејте го маслото на средно-висока температура, но не премногу ниска. Спуштајте ги уштипците со голема лажица (лажицата служи како мерка) и пржете вкупно 5 минути додека да поруменат. Повремено вртете ги во тавчето и внимавајте да не изгорат. По потреба намалете ја температурата (јас ги пржев на 6).
Вадете ги уштипците на чинија со салфетка додека сѐ уште топли за да се исцедат од маслото. Послужете со сос по желба, најдобро е да го подготвите веднаш на почетокот бидејќи колку подолго стои во фрижидер толку е повкусен. Подгответе го сосот од јогурт, маслиново масло, лук, копар и власец.
Овие уштипци се навистина вкусни, доколку сакате лесен оброк за еден ден без месо, сигурно ќе се задоволите со овој рецепт за солени уштипци со сирење и тиквички. За подобра и појасна претстава за рецептот, погледнете ја постапката ОВДЕ.