Јогуртни колачи „Брауни“ без јајца…Многу вкусен чоколаден десерт кон се топи во уста…Овој колач се приготвува многу брзо, а она што е интересн о во неговата подготовока е печењето. Имено, се пече на топол воздух, во тава.
Секако, можете да го испечете и во рерна, на 160 степени, но она што денес ќе ви го покажаеме, е како брауни колачот да го испечете во тава, на рингла. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250-300 мл):
1/4 чаша рендано чоколадо и
1/4 чаша путер, растопете ги 1 минути во микробранова печка. потоа додајте:
1 чаша цврст јогурт/кисела павлака
1 чаша шеќер, и добро промешајте за да се соедини. На крај додајте:
1 чаша сенаменско брашно
1/4 чаша какао во прав
1/2 лажиче прашок за печиво
1 лажичка екстракт од ванила
Откако добро ќе се изедначи смесата излејте ја во помал калап (18 см) обложен со хартија за печење и намастен.
Распоредете рамномерно и израмнете. Одозгора наросете чоколадни струганици.
Во меѓувреме на оган ставете голема, широка тава со капак да се загрева 5 минути. Тавата треба да биде доволно голема за во неа да го собере калапот со колачот, а на дното поставете метална подлошка.
Ставете го внатре колачот и повторно поклопете со капакот. Вака печете на умерена температура следните 20-30 минути. Штом забележите дека колачот почнал да се одвојува од ѕидовите на садот, значи дека е готов.
Оставете малку да подизлади, па исечете го на коцки и послужете го. Брауни колачот е познат по својата мекост и чоколаден вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.