Што се однесува до јогурт диетата, доколку досега не сте ја пробале, вреди да се проба бидејќи со неа нема гладување. Секако, порциите треба умерено да ги дозирате и да не се прејадувате.
Имено, покрај јогурт можете да јадете и свежо овошје, но и месо. Единствено мора да ги одбегнувате зашеќерените јогурти, односно оние купечките кои во себе содржат многу шеќер.
Според верзијата на Ана Лукве која е автор на оваа диета, јогуртот не се пие сам, туку мора да се комбинира и да се консумира со препорачаната храна од дозволениот список. Ова е еден од примерите на диетата за три дена:
ПРВ ДЕН
За покадок изедете овошен или обичен немасен јогурт со снегулки по ваша желба. За ручек, на маслиново масло издинстајте зеленчук, па измешајте го со сварен интегрален ориз.
Освен со сол и црн пипер, не смеете да го зачинувате зеленчукот. За вечера, неколку часа пред спиење, изедете салата со морков или со шунка. Додадете и немасен јогурт.
ВТОР ДЕН
За појадок изедете салата од краставици зачинета со јогурт. За ручек испечете мисиркино на маслиново масло, а како прилог додадете печурки, домат и пиперка во кои сте додале јогурт. За вечера измешајте шумско овошје со јогурт.
ТРЕТ ДЕН
За појадок со јогуртот измешајте младо сирење, јаболко, малку цимет и сол по желба. Ручајте филе од ослич со прилог салата од јогурт и краставица (може да додадете и сенф по желба). Вечерајте 100 г тестенини, додадете сечкана пиперка и варено јајце, па на крај додадете јогурт.
Дополнителен совет е оваа диета да не се практикува подолго од три дена за да не го осиромашите телото од потребните растителни влакна и витамини.
Диетата можете да ја повторите по одреден период, па да се вратите на наромалната избалансирана исхрана.
Во текот на диетата може да пиете незасладено кафе и чаеви, а газираните напитоци се строго забранети.