Дали некогаш сте слушнале некој да каже: „Јас бев на твои години, а ти не си бил на мои“? Оваа изрека не е создадена за џабе – времето е дефинитивно најдобриот учител и не треба да го земаме здраво за готово, особено советите што ни ги даваат нашите постари.
Во ова име ги пренесуваме најважните совети од жените во 60-тите за жените во триесеттите, но и помладите. 1. Достоинствено прифатете го стареењето и останете свои! Не треба да се срамите од вашите години. Кога се грижите за себе, вие станувате уште поубави внатрешно, а тоа се одликува и на надворешната убавина.
2. Обидете се секогаш да размислувате позитивно и да го барате доброто во секоја животна ситуација. Животот ќе ве донесе до ситуации каде што ќе бидете на работ на искушение, но секогаш треба да притиснете посилно на педалот. 3. Живејте го секој ден максимално, бидејќи никогаш не знаете што ве чека зад аголот.
4. Запомнете – животот може да се сврти за 180 степени во секунда без никакво предупредување! 5. Годините се само бројка, која не може да влијае на вашата личност. 6. Живејте исклучиво во сегашноста. 7. Излезете од своите четири ѕида и искусете ја слободата!
8. Најдете интересно хоби. Ќе ве спаси од монотонијата што ја носи рутината. Хобито ќе ве држи преокупирани и постојано ќе ве учи на нови работи во животот кои ќе ве исполнуваат внатрешно. 9. Секогаш бидете искрени со себе. Тешко е, но секогаш е во ваша корист. 10. Заборавете на стереотипите. За годините, за разликите, за сè.
11. Не грижете се дека ќе остарите – грижете се да не станете здодевни! 12. Стареењето нè очекува сите, без разлика дали се плашиме од тоа или не. 13. Никогаш не престанувајте да барате инспирација во сѐ околу вас. И најмалото ливче на тревата може да поттикне нешто ново.
14. Животот е едноставен, но понекогаш е тешко да се живее. Учете, читајте, патувајте. Тоа е најдобриот и најлесниот начин да се живее! 15. Купувајте класична облека. Класиката е секогаш во мода! 16. Не собирајте работи. Веднаш ослободете се од сѐ што е непотребно.
17. Стремете се кон едноставни работи и не си го комплицирајте животот! 18. Сакајте ги и постапувајте со ближните како што би сакале тие да се однесуваат со вас. 19. Сакајте искрено и безусловно. 20. Имајте деца кога навистина сакате. Не постои „вистинско време“.
21. Направете што повеќе фотографии. Некои луѓе ќе го напуштат вашиот живот, но фотографиите и спомените ќе останат засекогаш. 22. Научете да простувате. Кога простувате, не ја ослободувате личноста која ви згрешила, се ослободувате самите себе од горчината која владее во вашето срце.
23. Откажете се од гневот и одмаздата, негувајте само позитивни емоции и позитивни спомени! 24. Чувајте го вашиот мал круг на пријатели и не дозволувајте никој да го расипе. 25. Ценете го вашето семејство. Тие се единствените кои секогаш ќе бидат тука и секогаш ќе помагаат, што и да се случи. 26. Никогаш не одете во кревет лути на себе или на пријател.
27. Колку често можете, кажете им на вашите најблиски колку ви значат. 28. По 30-та, вашата убавина го достигнува врвот. Бидете свесни за вашата убавина. 29. Не губете време грижејќи се за работи што не можете да ги промените. 30. Ставете крај на лошата врска. Не можете да промените друга личност.
31. Смејте се колку што можете повеќе. 32. Следете ја вашата интуиција. 33. Не зборувајте лошо за себе. Не мислите лошо за себе. 34. Научете да не земате сè при срце. 35. Не тежнејте кон совршенство и идеали. Бидете уникатни. 36. Нека вашето дете биде ваш учител понекогаш.
37. Бидете борец. Научете да се движите напред. 38. Никогаш не дозволувај стравот да завладее со вас. 39. Никогаш не престанувајте да инвестирате во себе и да се развивате ментално, психички и духовно.
40. Ценете ги позитивните аспекти на стареењето – секоја година имате помалку обврски и повеќе слобода. 41. Не дозволувајте некој да ве убеди дека сте премногу стари за нешто што го сакате. 42. Не плашете се за ништо. Сѐ ќе биде во ред. Природата совршено нѐ подготвува за секоја ера од животот.