Под рецептот можете да ги прочитате искуствата.

Потребни состојки:

1,5 литри вода
5-6 см корен од ѓумбир исечкан
1/2 лимон исечкан

Постапка:

Ставете ја водата на оган да зоврие, а во меѓувреме измијте го ѓумбирот и излупете го со грепкање со помош на лажичка. Исечкајте го на тркалца и ставете го во зовриената вода.

Намалете го огнот на тивко и варете додека ѓумбирот да омекне. Исклучете го огнот и додека водата е топла ставете половина лимон исечкан на тркалца.

По 2 минути процедете или соберете го ѓумбирот и лимонот со лажица решетка, а ѓумбировата вода складирајте ја во термос.

Пијте преку целиот ден топла ѓумбирова вода. Можете да додадете малку мед, но сосем малку.

Треба да се пие долго време, неколку месеци за одлични резултати.

Побаравме искуства од луѓе што ја пиеле ѓумбировата вода, па еве што велат тие:

С.П.: Ова е вистина, јас ослабев 7 кг за еден месец.

Т.С. : За да ослабам морав да одлучам- или ѓумбирова вода или да се омажам за погрешен човек 🙂 Одбрав да ја пијам оваа вода и не само што сум послаба, туку и посреќна!

Т.Л. : Ја пијам ѓумбировата вода секој втор ден зошто ми ја контролира гладта, помалку јадам, а секој втор ден – кога не пијам ѓумбирова вода, јадам лук и мед на гладно, наутро, па така тоа ми го одржува имунитетот. Не сум настинала дооолго време.

А.Т. : Јас секој ден го пијам овој напиток: во топла вода цедам сок од ѓумбир и сок од лимон, додавам листови од мента и малку мед. Презадоволна сум и не пропуштам ниеден ден. Тоа ми е секојдневна навика што прави да се чувствувам супер.

М.П.: Не ми е јасно зошто лимонот го ставаат во топла вода, па нели така се уништува витаминот Ц, ама очигледно делува, има тука нешто тајно во овој јапонски метод.

Л.Л. : Јас почнав да го пијам овој пијалак ама додавам и лукче. За 3 седмици ослабев 5 кг без гладување.

Кога станувам од спиење пијам една чаша и пред спиење уште една. Тоа е сè.

Л.Џ.: Го пијам веќе некое време и можам да ви кажам дека панталоните ми станаа големи 🙂 И не само што ослабев, туку немам веќе ниту болки во зглобовите.

Н.Л.: “Морам да ја искоментирам оваа “диета”. Напитокот служи за детоксикација. Оригинален рецепт: Во 2 литри вода ставете еден помал лимон со кора пресечен на 4 дела (претходно лимонот се мие), додадете 1 краставица излупена и исечена на крупни парчиња, помало парче корен од ѓумбир. Оставете да отстои преку цела ноќ. Наутро испијте 150 мл од приготвената вода. Во текот на денот распоредете ја количината вода до 1,5 литар. На секоја одлиена чаша вода, долијте нова количина вода. Секоја втора вечер правете напиток од свежи состојки. Задолжително се прави пауза од две седмици. Максимално користење на диетата е два месеци. Во текот на користењето, намалете го внесот на шеќери (не целосно!) и внесот на леб (намалете ја количината и по можност користете препечен леб). Предупредување: Ниедна диета не ја започнувајте без претходно светување со лекар!