Велигден се ближи, па како и секоја година, откриваме мали креативни проекти за да ги направиме нашите празнични трпези и домови да изгледаат уште поубаво и посебно.
Покрај свежото цвеќе, велигденските јајца и разните детали што ќе ја заокружат празничната приказна, оваа година бидете покреативни и направете сами ноеви јајца за велигденска декорација.
Инспирацијата за ова ја откривме од Валентина Шестан, која има профил на Инстаграм под името „just.a.val“, каде редовно објавува разни интересни и креативни проекти.
Проектот за изработка на домашни „ноеви“ јајца го направи и Ивана Маркетин чија видео презентација ќе можете да ја проследите на линкот кој се наоѓа на крајот од текстот. Јајцата од гипс нас потполно нè воодушевија, а веруваме дека и вас нема да ве остават рамнодушни.
Потребни состојки: 150 г бел гипс, 120 мл вода, балони, ластичиња. За декорација: свежа набрана мов, гранчиња, цвеќе, свеќи, впивачки сунѓер за боц-кање, мали јајца од препелица, мали ситни украсчиња…
Постапка: Во едно пластично шише со капаче, преку инка истурете 150 г гипс во прав и додајте 120 мл вода. Доколку правите поголеми/повеќе јајца, тогаш удвојта ја количината, односно користете 300 г гипс и 240 мл вода.
Затворете го капачето и добро протресете за да се изедначи смесата која треба да добие густина слична како тестото за палачинки. Надувајте обичен балон (никако латекс, бидејќи овој вид при вадењето го крши гипсот) и само прицврстете го со ластиче.
Надуваниот балон внимателно поставете го на устието од шишето и излејте ја смесата во внатрешноста. Бидејќи гипсот многу брзо се стврднива, најдобро е прво да го надуете балонот и со нешто да го прицврстите (со ластиче или некој друг друг да го држи) додека го приготвувате гипсот.
Откако ќе го излеете гипсот, започнете нежно да го лулате и превртувате балонот за да може рамномерно да се зафати смесата на сите страни подеднакво. Откако ќе забележите дека нема повеќе течна смеса во балонот, истиот поставете го положба во која сакате да се здрви.
Оставете го така некое време, од неколку минути до неколку часови (најдобро е еден час) додека да бидете сигурни дека гипсот убаво се стврднал. Ова најмногу зависи од самиот гипс и од температурата на воздухот. Формирана кора е многу тенка, па затоа нежно проверете дали гипсот се стврднал.
Со помош на ножички отстранете го балонот, а бидејќи на некои места „лушпата“ е доста потенка, очекувајте дека таму може и да пукне. Но не грижете се ако напукне некаде „јајцето“, бидејќи таква е и целта, да се добие ефект на скршена лушпа од јајце.
Штом ја добиете посакуваната лушпа, можете да започнете со декорациите. Некои идеи можете да ги позајмите од Ивана и Валентина, но слободно можете да ослободите и вашата креативност и да создадете уникатни ремек дела.
Не заборавајте вашите декоративни велигденски „ноеви“ јајца да ги фотографирате и да ги објавите во нашата група НМД рецепти. Видео презентацијата со сите детали околу постапката и објаснувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.