Потребни состојки:
250 г кисела павлака
8 јајца
Малку сечкан магдонос
150 г рендан кашкавал
1 лажица презли
1 лажица путер
Постапка:
Земете еден поплиток огноотпорен сад, па намастете го со путер. На дното распоредете кисела павлака. Едно по едно јајцата (вкупно 8) внимателно кршете ги и спуштајте ги во павлаката.
Наросете сечкан магдонос, рендан кашкавал помешан со малку презла и мали парчиња путер.
Печете додека јајцата да се испечат а жолчките да бидат ровки (околу 10 минути на 220 степени).
Рецептот е од Големиот народен готвач, издание од 1956 година.
Истиот рецепт можете да го примените и во помали садови со по едно јајце, како што е прикажано на фотографијата.