Многу вкусна, брза и едноставна за приготвување.

Потребни состојки:

500 мл слатка павлака
250 г јафа бисквити или ресани
200 г кекси по ваш избор
100 г петит бисквити
малку млеко за натопување на кексите

За прелив:

100 г чоколадо за готвење
100 г маргарин или путер
2 лажици масло

постапка:

Исечете ги јафа бисквитите на коцки, а другите кекси искршете ги.

Изматете ја слатката павлака, поделете ја на два дела, па во секој измешајте ги приготвените кекси (во едниот јафа, во другиот кексите).

Во тркалезен калап за торта, на дното и на страните наредете бисквити претходно малку натопени во млеко. Во калапот излејте ги смесите со бисквити и израмнете. Помеѓу нив можете да ставите уште еден слој бисквити. Ставете во фрижидер малку да излади.

Растопете чоколадо со путер и малку масло. Измешајте и почекајте глазурата малку да излади. Прелијте ја тортата, па вратете во фрижидер убаво да се олади пред послужување. Има одличен вкус, како сладолед торта.

Coolinarika.com