Вкусни бомбици, лапни-голтни.
Потребни состојки:
300 г бисквити со вкус на какао
150 мл сок од портокал
1 ванилин шеќер
2 големи лажици џем од портокал или кајсија
1 ребро (50 г) чоколадо за готвење
рендана кора од портокал
1 лажица мед
Постапка:
Бисквитите сомелете ги или добро издробете ги, прелијте ги со сок и промешајте. Додадете мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо, а на крај и рендана кора од портокал.
Убаво промешајте за да се соединат состојките во еднолична смеса. Најдобро е со рака да се замеси добро.
Добиената смеса оставете ја во фрижидер малку да одмори околу 30 минути, а потоа од неа кинете и формирајте топчиња или облици по желба.
Додадете уште малку бисквити доколку сметате дека смесата ви е премека.
Топчињата можете да ги валкате во мелени бисквити, кокос, рендано чоколадо, мелени ореви, лешници или нешто по ваша желба.
Можете смесата да ја ставите во калап обложен со проѕирна фолија и потоа да сечете парчиња (триаголници, коцки, штангли…).
Може да додадете и друг вид на бисквити и уште 1-2 лажици какао. Ако сакате посладок вкус во смесата може да додадете уште малку шеќер во прав, а исто и чоколадо.