ЈАФА СЛАДОЛЕД ТОРТА ЗА 10 МИНУТИ: 5 состојки, едноставно, брзо и многу вкусно! Ако ги сакате јафа кексите и кремастиот вкус на сладолед тортите, тогаш овој лесен и едноставен рецепт сигурно ќе ви се допадне. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл слатка павлака за шлаг
200 г свежо крем сирење (филаделфија, абц и сл.)
150 г мелени бисквити
125 г јафа кекси (1 пакување)
150 г малини или друго овошје по избор

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ја ладната слатка павлака. Кога ќе се згусне додајте го крем сирењето и повторно изматете со миксер но не предолго. Треба да добиете нежен крем-шлаг. Одвојте 2 лажици настрана за декорација.

Дел од шлагот (2 преполни големи лажици) помешајте го со мелените бисквити. Јафа кексите исечете ги на парчиња со средна големина и додајте ги во остатокот од шлагот. Промешајте.

Садот обложете го со најлонска-стреч фолија, па во него сипете половина од шлагот со јафа кексите. Израмнете. Врз овој слој распоредете 150 г смрзнати или свежи малини или бобесто овошје по ваша желба.

Врз малините распоредете го остатокот од шлагот, и на крај распоредете ја смесата со мелени бисквити.

Израмнете, прекријте со фолија и оставете во замрзнувач 1 час. Превртете ја тортата врз десертна чинија и отстранете ја фолијата.

Одозгора премачкјате ја со шлагот што го тргнавте настрана и декорирајте со мелени ореви/бисквити/чоколадни трошки или нешто по ваша желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.