Овие крекери се неверојатно крцкави и преполни со корисни нутриенти и диетални влакна. Можете да ги јадете онакви какви што се или да ги комбинирате со некој диетален намаз, доматен сос, гвакамоле, крем сирење…
![]()
![]()
![]()
![]()

Овие крекери се одличен начин да го започнете денот и да ги грицкате секогаш кога ќе дoбиете жeлба да јадете нешто „нездpaво“ како што се чипсовите на пример, или другите индустриски грицки кои се спакyвани со бројни вештачки вкycови и штeтни матepии. Рецепт на Ивана Радојевиќ:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша брашно, 1/2 лажичка сол, 1/2 чаша сусам и чиа семе (помешани во количина по ваш избор, јас ставив една супена лажица чиа семе, а останатото сусам, а може и само сусам), 1/4 чаша семки од сончоглед, 1/4 чаша семки од тиква, 1/4 чаша ленено семе, 1 чаша (200 мл) ладна вода, 2 лажици маслиново масло
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – КЕТО ПРЕДЛОГ: 1/2 чаша семки од тиква, 1/2 чаша семки од сончоглед, 1/4 чаша чиа семе, 1/4 чаша бел сусам, 1/4 чаша црн сусам, 4 лажици мелено ленено семе или 2 лажици псилиум (од продавница за здрава храна/апрека – индиски тегавец за cлабеење), 1 лажичка морска сол, 2 лажички суво оригано, 1/2 чаша ладна вода

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрева на 150 степени. Помешајте ги сите суви состојки во еден поголем сад, па додајте вода и масло. Добро промешајте ја смесата додека сите состојки да се изедначат. Добро е да се остави смесата да отстои 15-20 минути (особено за вториот рецепт кој не содржи брашно).

![]()
![]()
![]()
![]()
Големиот плех од рерна обложете го со хартија за печење, па излејте ја во него приготвената смеса и рамномерно распоредете ја во тенок слој. Одозгора кој сака може малку да нароси крупна морска сол (или чили).

![]()
![]()
![]()
![]()
Ставете да се пече во загреаната рерна, а после 20 минути извадете го плехот од рерна, исечете ја кората на плочки, долгнавести тенки ленти, триаголници, коцки или облици по ваша желба, па вратете да се допече уште 25-30 минути.

![]()
![]()
![]()
![]()

За сето време крекерите се печат на релативно ниска температура од 150 степени, а тоа значи дека всушност се сушат и тоа овозможува да се сочуваат сите хранливи и корисни материи. После печењето оставете кората да се подизлади, па кршете ја со раце, според засечените облици. Постапката за кето-рецептот погледнете го во видеото ОВДЕ.

![]()
![]()
![]()
![]()











