За идеална линија, витко и згодно тело, потребно е многу труд, но тоа веќе го знаете. Она што можеби не го знаете, а експертите го советуваат, е дека треба повеќе внимание да обратите на она она што го јадете отколку на тоа колку напорно вежбате.
Имено, доколку сакате да се оскободите од масните наслаги околу стомакот, потребно е да започнете да внесувате умерени количини храна. Исто така, оваа исхрана не треба да содржи леб, односно да се одбегнуваат јаглехидарти, а да биде базирана на немасно месо, риба и пилешко. Овие порции не треба да бидат поголеми од величината на вашата дланка. Отприлика ви е јасно за што станува збор.
Значи, исфрлете шеќер и леб, а внесете протеини, но секоја порција треба да биде умерена. Мора да го постигнете она што народски се нарекува „намалување на желудникот“, односно, да се доведете до она ниво кога од помалку храна се чувствувате сити.
Во менито е добро да внесете мешунки, јаткасти плодови (бидете внимателни со нив зошто содржат многу калории, значи не повеќе од 10-тина плодови), леќа или соја. Дозволена е и немасна порција сирење со величина на дланка.
Подолу ви е даден пример на еднодневно мени, кое секако сами, според потребите и вкусот ќе си го адаптирате.
Појадок: варено јајце, тост леб
Ужина: грст јаткасти плодови
Ручек: салата од лиснат зеленчук, пилешко на скара или печена на многу малку масло во грил тава, пченка, малку маслиново масло и малку јаболкова киселина.
Вечера: риба и компир од рерна (компирот завиткан во фолија и печен на умерена температура).