Се ближи летото, а нашиот организам сѐ повеќе бара лесна и здрава храна. Пилешката чорба е една од најлесните, најбрзите, но и најздравите појадоци или предјадења кои може да ги послужите во овој период од годината. Во жешките денови, на телото му е потребно храна која лесно се вари, но и го хидрира организмот.
„Оваа чорба ја јадам секогаш за појадок. Покрај тоа што ми го прави стомакот рамен и со неа килограмите се намалуваат брзо, одлично му одговара на телото да остане хидрирано во топлите денови. Чорбата многу заситува бидејќи во неа содржи месо и зеленчуци кои претставуваат нутритивно богата храна.“ Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: поголемо парче пилешко месо (гради), 80 г кромид (1 средна главица), 2 лажици путер, 150 г кромид (2 средни главици), 140 г моркови, 1 голема лажица чешниња лук (15 г), 2 лажици брашно, 1 лажица црвена зачинска пиперка, половина лажица црн пипер, сол по вкус, ловоров лист, 80 г јуфки или други тестенини, 20 г ситно сечкан магдонос.
ПОСТАПКА: Течноста од коцката за супа може да ја направите домашна, како што се подготвува во овој рецепт. Доколку се одлучите за пилешка коцка за супа, само ставете ја во топла вода, промешајте и прескокнете ги првите три намирници од потребните состојки.
Во едно поголемо тенџере излејте малку масло и почекајте да се загрее на средна температура. Ставете го пилешкото парче (не треба да го сечете претходно) и запржете го додека да добие убава коричка. Кромидот исечете го на средни парчиња и ставете го да се пропржи заедно со месото. Кога малку ќе омекне, прелијте со вода така што ќе го покрие месото.
Зачинете со сол, 1 мала лажица црн пипер и 2-3 ловорови листови. Покријте со капак и гответе приближно 30 минути. По изминатото време, извадете го месото, па процедете ја течноста. Исечете го месото на помали парчиња, најдобро да го одделите со две виљушки, па оставете го настрана додека ги подготвувате останатите состојки.
Кромидот исечкајте го на многу ситни коцки и ставете да се пропржи во истото тенџере со 2 лажици растопен путер. Кога кромидот ќе почне да омекнува и да ја испушта својата прекрасна арома, додајте ги морковите, кои претходно треба да бидат изрендани. Пропржете уште кратко, па додајте ги чешнињата лук, ситно исечкани или поминати низ преса.
Гответе со повремено мешање, па посолете по вкус и зачинете со останатите состојки како 1 лажица црвена зачинска пиперка и половина лажица црн пипер. Кога зеленчуците ќе омекнат, додајте 2 лажици брашно и со константно мешање гответе додека да се згусне.
Потоа, прелијте со течноста која првично ја подготвивте и почекајте да зоврие. Додајте ги тестенините (може да користите јуфки или други тестенини) и исечканото пилешко месо. Покријте со капак и гответе уште 15 минути на повисока температура.
Кога тестенините ќе омекнат, чорбата е спремна за послужување. Декорирајте со ситно сечкан магдонос. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Рецептот за чорба со која се слабее за 7 дена („колку повеќе ја јадете, толку побрзо слабеете“) прочитајте го ОВДЕ.