Јаболката се многу здраво овошје и речиси на сите ни е позната изреката „ дека едно јаболко дневно ги држи болестите подалеку од вас“, но експертите овојпат се заинтересираа колку точно јаболка се потребни кога станува збор за намалување на холестеролот.
Здравствените придобивки од јаболката се познати одамна, но една нова студија покажува дека ова овошје може да биде многу корисно за намалување на холестеролот. Природните состојки на јаболката – полифенолите – влијаат врз опуштање на ѕидовите на кр-вните садови, исто како што делуваат и црвеното вино и чајот.
Исто така, јаболката се одличен извор на диетални влакна, и тоа токму со оној вид влакна со кои се хранат многу корисните бактерии во цревата кои всушност се задолжени за намалување на холестеролот.
На овој начин (со помош на полифенолите и растителните влакна), јаболката се двојно корисни во бор-бата против несаканите маснотии во кр-вта, вели професорката Јулија Ловгров од Универзитетот во Ридинг.
„Испитаниците кои јадеа две големи (или три средни по величина) јаболка дневно во текот на осум недели го намалија холестеролот за 4 проценти. Уште поважно, не се случи намалување на ‘добриот‘, туку само на ‘лошиот‘ холестерол“.
Да потсетиме, па-циентите кои земале јаболков оцет или некои други напитоци на база на јаболко постигнувале исто така, добри резултати во намалувањето на холестеролот, но на вкупниот холестерол, односно покрај ‘лошиот‘, се намалувал и ‘добриот‘ холестерол.
Иако е добро познат природниот утрински напток од чаша топла вода со една супена лажица домашен јаболков оцет, како ефикасен лек за намалување на маснотиите во кр-вта, сепак има луѓе со чувствителна слузокожа кои не можат да го пијат како што е препорачано – на гладно.
За сите оние кои сакаат на природен начин да ги намалат мастите, а не го толерираат јаболковиот оцет, тогап имаат совршено решение за тоа – потребно е секој ден на гладен стомак, најдобро наутро, да изедат две големи јаболка, или 3-4 помали.
Ова овошје е евтино, лесно може да си го спакувате и да си го понесете на работа и да го појадувате или ужинате, а не ви е потребен ниту некој посебен прибор за да го изедете. Единствено што би било потребно е да се потрудите органски непрскани јаболка за да можете да ги јадете заедно со лушпата.
Доколку јаболката се прскани и најверојатно прскани, тогаш најдобро би било истите да ги излупите пред јадење, а исто така да ги отстраните и семките. Се разбира дека доколку тоа тоа ви одговара, можете да изедете и повеќе од две јаболка дневно.
Се разбира, процентот на намалување на холестеролот со „природната терапија“ со јаболка е значително помал од оној што го постигнуваат лековите. Затоа е важно да се направат други промени во начинот на исхрана и начин на живот со цел да се спречи состојба во која лекот би бил неопходен.