Толку сочен што се топи во уста – Гриз колач со јаболка и ореви, прелиен со свиленкаст чоколаден прелив. Се мери со чаша од 250 мл. Перфектен вкус, а секој залак се топи во уста. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 јајца,
½ – 1 шолја (од 250 мл) шеќер, по вкус,
1 шолја (околу 240 г) гриз,
5 г прашок за печиво или сода бикарбона,
3-4 јаболка (околу 650 г),
1 шолја крупно мелени ореви (околу 150 г),
10 г ванилин шеќер (1 кесичка),
1 лажичка цимет,
4 лажички какао (7-10 г),
½ шолја масло (125 мл),
1 шолја (250 мл) јогурт

За прелив:
1 шолја (250 мл) млеко,
100 г чоколадо,
½ шолја шеќер, може и помалку,
50 г путер или маргарин,
3 лажички какао

Постапка:

Оревите сомелете ги и помешајте ги со една шолја гриз. Во сувата мешавина додајте 1 лажичка прашок за печиво и 4 лажички какао во прав. Изедначете.

Пенасто изматете две јајца со половина или цела шолја шеќер (по ваш вкус), додека да згуснат и да се добие цврст шам. Додека матите со миксерот додајте половина шолја масло, па една шолја јогурт и на крај намалете ја брзината и додајте ги сувите состојки. Изедначете.

Јаболката излупете ги, изрендајте ги, додајте една лажичка цимет и една кесичка ванилин шеќер. Јаболката сипете ги во изматената смеса и промешајте за да се соединат. Калап со средна величина намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса.

Ставете да се пече во претходно загрена рерна на 200 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка кога е готов колачот, па потоа извадете го од рерната. Додека се пече колачот пригответе го преливот, бидејќи се прелива топло со топло.

За прелив: Во тенџере ставете 250 мл млеко, 100 г чоколадо, 50 г путер, 3 лажички какао и половина шеќер или по вкус. Откако ќе проврие смесата варете ја уште една минута на тивок оган со постојано мешање.

Потоа оставете го чоколадниот сируп 2-3 минути да подизлади. Бисквитот избоцкајте го на повеќе места и додека е врел залијте го со топлиот чоколаден прелив. Почекајте 5 минути па исечете го на коцки. Оставете да се олади и послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.